Снимка со дрон од расцветаните лалиња во Холандија

April 22, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Снимка со дрон ги прикажа расцветаните лалиња во една од најголемите цветни градини во светот, „Којкенхоф“, позната и како „Градината на Европа“, во холандскиот град Лисе, јавува Анадолу.

Градината уште еднаш го претвори градот во живописна и шарена разгледница, додека лалињата, зумбулите, нарцисите и лилјаните создадоа неверојатен цветен тепих што го одзема здивот.

Градината, која се простира на површина од 32 хектари, е отворена само во краток период од годината – од 20 март до 11 мај – за време на кој лалињата го достигнуваат својот врв, особено во април, кога боите и мирисите го освојуваат секое сетило.

Освен уживањето во милионите цветови, посетителите имаат можност да прошетаат по 15 километри долги патеки и да учествуваат во различни настани што ја збогатуваат пролетната авантура.

Иако лалињата водат потекло од Туркије, токму Холандија е земјата со која денес најмногу се поврзуваат овие цветови.

Лалињата имаат огромно значење за холандската економија – секоја година производителите од Холандија одгледуваат повеќе од четири милијарди лалиња, од кои речиси половина се извезуваат низ светот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дебата за ЕУ и реформите – Милошоски: Треба да бидеме основано критични кон извршната власт

Следно

КФМ: Продолжуваат натпреварувањата во сите кошаркарски лиги

Latest from Blog

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop