Снегот во дебарско не создава проблеми во одвивањето на патниот сообраќај, но е потребна внимателност

March 5, 2024
1 min read

Снегот кој го обелеа поширокиот дебарски регион, засега не создава проблеми во одвивањето на патниот сообраќај.

Дебелината на снежната покривка е од 7 до 10 сантиметри, и редовно се чисти од екипи на дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на регионални  магистрални патишта, како и фирмите задолжени за тоа во општините.

-Сообраќајот се одвива без ограничувања и забрани на сите патни правци, кои се под надлежност на нашата единица. Нашите екипи се постојано на терен, во расчистување на истите а имаме доволно абразивен материјал, сол и песок и нема никаков проблем. Сепак поради влажните коловози препорачуваме внимателно возење и строго почитување на сообраќајната сигнализација, изјави за МИА, Деар Лиманоски, раководител на секцијата.

Под надлежност на дебарската секција се делницата Дебар-Жировница, на патот кон Маврово, Дебар-Глобочица, кон Струга, патот Мелнички Мост-Центар Жупа, кракот од Бошков мост кон селата од Мала Река, како и патот кон граничниот премин „Блато“ или во должина од околу 120 километри.

Снегот, кого го има во поголема количина на планините, секако е добредојден за зголемување на дотекот на вода во реките а со самото тоа и во акумулацијата „Дебарско Езеро“, како и за земјоделските посеви.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турските разузнавачи и полицијата приведоа седуммина осомничени за продажба на информации на Мосад

Следно

На грчките плажи 70 отсто од површината треба да биде слободна и без лежалки

Latest from Blog

Нова урбана зона во Битола – конкурс за најдобро идејно решение

Основна цел на конкрсот е да се добие квалитетно урбанистичко – архитектонско и пејсажно решение за нова спортско-рекреативна зона во АРМ – Битола, со компатибилни мали комерцијални и деловни намени, следејќи ги

Сeјфулаху: Кризата на Блискиот Исток и глобалното влијание – психолошка перспектива

Тензијата на Блискиот Исток и нејзините ефекти врз глобалната економија, особено во секторот на нафта и енергија, создадоа бран на несигурност и анксиозност кај луѓето ширум светот. Зголемувањето на цените, економската нестабилност

САД подготвуваат копнена офанзива против Иран?

 Американскиот претседател и натаму тврди дека преговорите со Техеран добро напредуваат, Иран категорично негира, а разногласијата повторно ја вивнаа цената на нафтата на 110 долари за барел, особено по информациите дека Пентагон
Go toTop