Снегот предизвика сообраќаен хаос на Балканот

December 23, 2024
1 min read

Снежното невреме низ Балканот денеска предизвика сообраќаен хаос, затвори училишта и остави илјадници домови без струја во Хрватска и Босна, додека лошото време во Словенија ги попречува напорите за пронаоѓање на двајца планинари изгубени на Алпите.

Како што пренесува Бета, според прогнозите, невремето се движи кон Србија и метеоролозите ги предупредуваат луѓето во западниот дел на земјата да избегнуваат патување и да се подготват за евентуални прекини на струја.

Планинари од Унгарија, маж и жена, се изгубиле вчера во планините северно од Љубљана при неповолни временски услови, а еден од нив има скршеница на ногата, јави словенечката агенција СТА.

Според истиот извештај, спасувачката мисија била прекината во текот на ноќта поради силниот ветер, слабата видливост и ризикот од лавина, а продолжила изутрината, со тоа што хеликоптерот не можел да полета поради лошото време за да стигне до планинарите кои биле исчезнати на надморска височина од околу 1.700 метри.

Шефот на планинската спасувачка служба Јернеј Ланишек изјави дека спасувачите се поблиску до исчезнатите, но и дека, според него, операцијата не може да се заврши пред вечерта. Во спасувањето учествуваат 40 лица.

Во соседна Хрватска сообраќајот е забранет на повеќето патишта во Лика и на некои делови од автопатиштата. Невремето на Јадранот го запре сообраќајот на фериботите меѓу брегот и островите.

Властите на Хрватска и Босна ги повикуваат граѓаните да избегнуваат патувања поради лошите временски услови.

Во северозападниот дел на Босна и Херцеговина, наставата во училиштата е прекината поради силно невреме. Околу 200.000 домови се соочуваат со прекин на електричната енергија, а на камионите и другите тешки возила им е забрането движење во многу делови од земјата.

На возачите им се препорачува да бидат „на високо ниво на претпазливост“ и да не патуваат без зимска опрема.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Ердоган: Растечката агресија на Израел е обид да се засени сириската револуција, да се потиснат надежите на Сиријците

Следно

СДСМ: Власта на ВМРО-ДПМНЕ ги остави граѓаните заглавени во снегот

Latest from Blog

Прес на шефот на Делегацијата на ЕУ со Вучиќ по предавањето на годишниот Извештај на ЕК

Тој денеска му го предаде извештајот за напредокот кон ЕУ на српскиот претседател Александар Вучиќ , по што на прес конференција додаде дека тој документ не е критички документ, туку огледало што

Меџити до Курти: Благодарам за честитката за победите на ВЛЕН, Македонија и Косово градат стабилно партнерство

Изет Меџити, градоначалник на општина Чаир, ја истакна добрата соработка меѓу двете влади во порака до премиерот на Косово, Албин Курти. – Благодарам за честитката за победите на ВЛЕН во секој дел

Ѓорѓиевски веднаш започнува акција за чистење и нормализирање на јавниот превоз

Новиот скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски, по примањето на уверението за избор, најави дека веднаш ќе започне со акција за чистење на градот и преземање на конкретни мерки во јавните градски претпријатија. –

Јаневска: Новата Стратегија за образование ќе обезбеди континуитет на започнатите ефективни промени во ресорот

Образованието е скапа работа. Но, вредноста на квалитетот е поголема од било која цена и затоа Владата на Македонија останува фокусирана на сите промени што мора да се случат до конечната цел,
Go toTop