Извештајот на Европската комисија и Организацијата за економска соработка и развој го потврди она што граѓаните веќе го знаат дека земјста е меѓу најпогодените од загадувањето на воздухот и дека поради тоа има најмногу смртни случаи.
Снегот го намали аерозагадувањето за разлика од пред десетина дена, но повеќе македонски градови и денеска имаат средно загаден воздух.
Средно загаден воздух дишат скопјани, тетовчани, кичевчани, битолчани, гевгеличани, струмичани и велешани. Куманово, Гостивар, Кочани и Берово се ниско загадени, а многу ниско загадување има во Охрид и Дебар.
Со оглед на загадениот воздух болниците се полнат со пациенти кои како последица на загадувањето во овој период имаат здравствени проблеми.
Од Клиниката за Пулмологија посочуваат дека дневно имаат и по 100 пациенти кои бараат помош, Лекарите посочуваат дека покрај редовните закажани термини, амбулантите се полни и со итни пациенти, а аерозагадувањето во комбинација со вирусите и бактериите дополнително ја усложнува работата велат лекарите.
Во меѓуврме власта и понтаму ги игнорира апелите на граѓаните за преземање мерки против загадувањето.
Од СДСМ, велат, дека не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик а ДПМНЕ како власт цело време да спие, и на централно и на локално ниво. од таму потсетија дека нема ништо од ветувањата кога беа опзиција ‘една милијарда евра инвестиции и намалување на загадувањето за 50%’.
„Од кредитот од Унгарија, вреден 250 милиони евра власта не намени ниту едно евро за да го намалат загадувањето на воздухот. И ова е уште една потврда дека власта нема намера ништо да преземе. Дополнително, власта ги намалите парите во буџетот за борба против загадениот воздух и има 0 денари предвидено за програмите кои функционираа со години. Исто е и со градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои за три години не презедоа ништо и понатаму не преземаат ништо, а локалната власт има широки ингеренции“, велат во СДСМ.
Од опзициската партија велат дека и владата на СДСМ и локалната власт преземаа низа на мерки во борба против загадувањето на воздухот и тие мерки придонесоа за намалување на концентрациите на штетните честички ПМ 2.5 во воздухот за-564kg на годишно ниво и намалување на честичките МП 10 за-735kg на годишно ниво.
„Успешно се спроведоа серија на мерки, стратешки инвестиции во производство на обновливи извори на енергија, проекти за гасификацијата, проекти за еколошки јавен транспорт, конкретни мерки за финансирање на замена на нееколошки системи во домаќинството, јавните установи, градинки, училишта, мониторинг системи и така натаму. Во таа смисла ДПМНЕ нека засука ракави и да не продава демагогии, туку да почне со реализација на краткорочни и среднорочни мерки кои ќе влијаат на намалување на загадувањето“, велат во СДСМ.
СДСМ предлага нов сет на мерки, фокусирани на ингеренциите на локалните власти, општините. Дел од овие мерки успешно се реализираат во општините кои ги водат градоначалници од СДСМ, и сите се применливи.
-Општините да донесат Програми за субвенција за набавка на еколошки системи за затоплување во јавните објекти, субвенции за набавка на велосипеди, субвенции за чистење на оџаците, за набавка на топлински пумпи, сончеви колектори, инвертер клима уреди и други чисти технологии
-Да набават и да постават прочистувачи на воздух во сите градинки и општински училишта.
-Да инвестираат во филтри на прозорците на училиштата и градинките кои се непропустливи за штетните честички ПМ 10 и ПМ 2,5.
-Општините да им помогнат на социјално загрозените семејства при набавка на енергенс за затоплување – посебна Програма за субвенционирање.
-Да се спроведе план за интензивно зазеленување на јавните површини(по примерот на локалната власт во Скопје кога беа обезбедни нови 300.000 метри квадратни нови зелени површини во Град Скопје)
-Во Скопје конкретно, да се набават нови еколошки автобуси за Град Скопје. 25 пати не е донесена Одлуката за набавка на нови еко автобуси за Град Скопје на Совет затоа што советниците на ДПМНЕ гласаат против.
-Да се вршат редовни контроли на инсталациите со Б интегрирана дозвола и контроли на градилиштата, дали изведувачите спроведуваат мерки за миење на тркалата.
-Интензивно миење на улиците, редовно собирање на отпадот и чистење на дивите депонии од страна на јавните комунални претпријатија.
-Да се започне постапката за носење на Закон за комунална полиција, а не истиот да се користи како популизам.
-Локалните власти на граѓаните да набавуваат еколошко така наречено суво дрво за огрев.
ИЗВОР: racin.mk