Сметководителите денеска на протест пред Министерството за финансии

February 17, 2025
1 min read

Неформалната група на сметководители „Професионални сметководители со одземено право на работа“, денеска во 12:00 часот организира протест пред министерството за финансии. Тие бараат средба со министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска.

„Во моментов на околу 3.000 сметководители  им е изречена дисциплинска мерка  времено бришење од регистарот и  стопанството е во опасност од последиците од непредавање на годишните сметки за илјадници фирми. Причината е недоволниот број на часови на континуирано професионално усовршување. Институтот нема слух за проблемите што ќе настанат и не сака да најде нивно решение. Во суштина сметководителите што го воделе сметководството за 2024 г би требало  да имаат право да ја потпишуваат годишната сметка за 2024 г. Времената забрана поради непосета на КПУ да важи само за пресметковната 2025 г.“, велат од организаторите и додаваат:

Конкретно бараме:

– Најитно изнаоѓање на решение за илјадниците сметководители кои се времено бришени од регистарот, да можат да ги потпишуваат годишните сметки за 2024 г.

– Изготвување на предлог законски измени со кои на Институтот ќе му се одземат или строго ограничат ингеренциите за контрола на квалитет како главна репресивна алатка и средство за заплашување и држење во покорност на членството. Уште повеќе што контролата на квалитет во сметководствената фела е во спротивност со Директивите на ЕУ.

– Ние не сме професионални сметководители по ИФАК и затоа бараме со законски измени да се намали  предимензионираниот број на часовите за КПУ, а колегите над одредена возраст, на пример, над 58 години да бидат ослободени од посета на задолжителните обуки. За континуираното професионално усовршување кое се врши без физичко присуство цената на часот да биде пониска за одреден процент.

За сметководителите кои не потпишуваат годишни сметки за да го задржат уверението бројот на часовите на КПУ да биде 32 часа за тригодишен период. Законски да се уреди право на мирување на уверението посебно при болест, породилно отсуство, невработеност и сл.

– Со законско решение да се утврдат максималнатата цена на часот на континуирано професионално усовршување и максималниот износ на  членарина и надоместоците  на Институтот

–  Да се иницира испитување на  неприродното влијание на Консалтинг куќите врз сметководствената фела и можниот судир на интереси.

–  Министерството за финансии со резерва да ги прифаќа ставовите на коморите на сметководители на чие чело се лица блиски до консалтинг куќите

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Неделава ќе биде познато дали Владата ќе го прифати предлогот на Комората на трговци

Следно

Најстудено во Маврови Анови, најмногу снег на Попова Шапка

Latest from Blog

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една
Go toTop