Службите на Трамп и на Путин за тоа, имало или не телефонски разговор

November 11, 2024
1 min read

Кремљ го демантираше извештајот на американски медиуми дека рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп разговарале по телефон минатата недела за конфликтот во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека извештаите за тоа се целосно невистинити. 

– Ова е најјасен пример за квалитетот на информациите што неодамна се објавуваат дури и во прилично угледни весници. Ова е целосно лажно. Ова е чиста фикција, ова е едноставно лажна информација. – Дмитри Песков, Портпарол на претседателот на Руската федерација 

Британскиот министер за одбрана Џон Хили пак денеска изјави дека очекува Америка, заедно со нејзините западни сојузници, да продолжи да дава помош за Украина се додека е потребно. 

– Што се однесува до претседателот Трамп, тој признава дека земјите добиваат безбедност преку сила, исто како што тоа го прават сојузите како НАТО, и очекувам САД да останат заедно со сојузниците како што Обединетото кралство стои со Украина онолку долго колку што е потребно за да надвладее инвазијата на Путин. – Џон Хили, Британски министер за одбрана.

Се огласи и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро кој вели дека Украинските сојузници не треба да прејудицираат како новата американска администрација ќе се справи со војната во Украина, додавајќи дека Париз верува дека западните сили мора да останат обединети во поддршката за Киев. Вашингтон Пост инаку објави дека Трамп во присуство на Елон Маск разговарал и со украинскиот претседател Зеленски, но од Киев не дојде никаква реакција.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЈОРСМ: Истрага против јавен обвинител, донесена одлука за оддалечување од функцијата

Следно

Курти: Прво Бриселскиот, а потоа и Вашингтонскиот договор

Latest from Blog

Скапо шише вода… Челзи казнет со 150.000 евра

Екипата на Челзи е казнета со 150.000 откако засега непознат член од стручниот штаб фрлил шише со вода кон клупата на Астон Вила на дуелот од Премиер лигата во месец декември. Инцидентот

Димитриеска – Кочоска: ‘Стандард и Пурс’ потврдува одговорно управување со јавните финансии

Агенцијата „Стандард и Пурс“ ја потврди кредитната оценка на Македонија на ‘BB’ со стабилни изгледи, што, според министерството за финансии, е јасен сигнал за доверба во економските политики и фискалната стабилност на
Go toTop