Случај 27 април: Може да си одите, слободни сте – „останатите се изманипулирани и треба да се срамат и бараат прошка“

January 23, 2025
1 min read

„Главната расправа е завршена, можете да си одите, слободни сте“.

Амнестијата важи. Првостепено осудените за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност по пет години кажаа збогум на судот. Судијата Илија Трпков рече дека останатите осудени за настаните од 27-ми април 2017 година треба да се срамат, да ја наведнат главата и побараат прошка од државата оти биле изманипулирани. Ова следува откако Кривичниот суд го прифати барањето за амнестија и ги ослободи од натамошнот гонење лицата за кои обвинителството тврди дека се организатори на настанот.

„На крајот ќе произлезе дека осудените лица за настаните од 27 април, 2017 година сами се организирале и сами размислиле дека треба да влезат во Собранието и да кршат и тепаат. На  сите ни е јасно, но и на осудените лица дека тоа не е така дека некој ги организирал за да влезат во Собранието. Не може да се случи да се пробие полициски кордон на кошаркарски натпревар, а не на полициски кордон пред Собранието пред кое повеќе денови се протестираше и полицијата беше подготвена за интервенција“, додаде Илија Трпков.

Инаку, судијата Трпков досега во два наврати одлучуваше дека амнестијата не ги опфаќа овие обвинети, но Апелација бараше и по трет пат да се произнесе, а ситуацијата дополнително доби друг тек откако Обвинителството за гонење на организиран криминал во декември даде позитивно мислење. Иако, обвинителството даде позитивно мислење само во однос на Вељаноски, Јанакиески и Ристоски, но не и за Атанасовски, судот одлучи сите четворица да бидат амнестирани од натамошно гонење.

„Некој ќе каже дека случајот со организаторите за настаните во Собранието паднал, па сега дека треба да се ревидира и другиот предмет со настаните во Собранието. Но, тоа не е така. Напротив предметот ниту паднал, ниту се докажа дека настаните во Собранието не се организирани, туку се побара милост од државата за овие настани“, вели Илија Трпков.

Адвокатот Јордан Апостолски по рочиштето рече дека случајот е политички монтиран и повика да се најдат вистинските организатори.

Судската постапка против четворицата обвинети се водеше по вторпат, сите беа обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Во 2021 Кривичниот суд ги осуди на 6 до 6 и пол години затвор сите четворица обвинети.

Во упадот во Собранието беа повредени пратеници, новинари, но и демократијата на една кревка држава која со години стои пред портите на Европската унија и бара влез во европското семејство.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Македонија на дното на минимални плати во Европа, споредбено низ целиот континент

Следно

Утре магливо време- еве какво ќе биде до среда (Фото)

Latest from Blog

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,

Алкараз со дабл учинок: МУ ГО ЗЕМА НА СИНЕР И ЛИДЕРСТВОТО И ДЕВОЈКАТА… Битката продолжува

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз има нова девојка. Станува збор за моделот Брукс Надер кој во последно време е тема на светските медиуми – сега знаеме зошто… Други вести ја потврдуваат првата: Брукс
Go toTop