Случаите на омраза против муслиманите минатата година достигнаа рекордно високо ниво во Велика Британија

February 19, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Бројот на случаи на антимуслиманска омраза во Велика Британија продолжува да расте, а мониторинг-групата „Tell MAMA“ забележа рекордно високо ниво во 2024 година, јавува Анадолу.

Минатата година се регистрирани 6.313 случаи на антимуслиманска омраза, што претставува зголемување од 165 отсто во споредба со 2022 година, се наведува во годишниот извештај на „Tell MAMA“, објавен денес.

Групата регистрирала зголемување од 120 отсто на нападите во јавноста од 2022 година, а категоријата „заканувачко однесување“ се зголемила за 715 отсто во период меѓу 2023 и 2024 година.

Во периодот меѓу 2023 и 2024 година, „Tell MAMA“ примила пријави за 9.604 потврдени случаи.

Извештајот исто така покажува дека пријавите за онлајн антимуслиманска омраза во „Tell MAMA“ се зголемиле за 1.619 отсто по 7 октомври 2023 година, а овој пораст се поврзува со конфликтот на Блискиот Исток.

„Tell MAMA“ ја идентификуваше социјалната мрежа „X“ како „најтоксична“ онлајн платформа за антимуслиманска омраза и изрази „длабока загриженост“ за зголеменото користење на слики генерирани со вештачка интелигенција (AI), кои сè почесто биле пријавувани од британските муслимани во 2024 година.

Директорката на „Tell MAMA“, Иман Ата, истакна дека е неопходно зголемено поддржување на жртвите на антимуслиманската омраза, бидејќи таа влијае врз сè поголем број британски муслимани.

„Се наоѓаме во клучен момент каде што е јасно дека антимуслиманската омраза бара координирана акција од Владата“, рече таа.

Директорката го опиша овој пораст како „неприфатлив“ и „длабоко загрижувачки“.

„Никогаш не смееме да дозволиме ваквата омраза и нетолеранција да се вкоренат во нашите заедници. Ја повикуваме јавноста да се обедини против омразата и екстремизмот и ги повикуваме оние во позиции на моќ и јавен авторитет да размислат како нивниот јазик може да доведе до стереотипизирање на заедниците и како несоодветно влијае на дискусиите и онлајн и офлајн“, додаде таа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се јавија експертите за партиски инсталации: Зад разрешувањето на Коцевски, се криел обид за инсталација на партиски послушник

Следно

Турскиот претседател Ердоган: Туркије ја преобликува глобалната дипломатија

Latest from Blog

Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракета

Ракетата беше лансирана во Источното Море како дел од обуката за ракетни единици кои ракуваат со „хиперсоничен стратешки систем на оружје“, соопшти KCNA. Ким рече дека способноста за контранапад на севернокорејската војска

Shteti shqiptar për Çamërinë 1925–1928

Traktati për minoritete, i nënshkruar pas Luftës së Parë Botërore pothuajse nga të gjitha shtetet e Evropës, ua njihte minoriteteve të gjitha të drejtat. Edhe Shqipëria, duke qenë ndër ato shtete që e nënshkruan këtë traktat, ia njohu minoritetit grek në Shqipëri të

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Москва во рок од само неколку минути испрати две фатални и бескомпромисни пораки до украинското раководство: руското Министерство за одбрана најави драстично засилување на ракетните удари низ цела Украина, додека Кремљ децидно
Go toTop