Случаите на Мерко при крај – утре пресуда за незаконското именовање на директори

June 19, 2025
1 min read

Со завршните зборови на претставниците на Основното јавно обвинителство и одбраната, во Основниот суд во Струга заврши судењето против градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, кој е обвинет за незаконско именување на директори во основните училишта во селата Лабуништа, Радолишта и Подгорци.

Судијата Јордан Јованов што води повеќе предмети против градоначалникот Мерко, рече дека пресудата по овие два предмети ќе биде изречена утре.

Јавниот обвинител Џемал Лога, во завршниот збор нагласи дека обвинетиот како градоначалник очигледно постапувал спротивно на позитивните законски прописи во повеќе случаи, именувајќи лица кои не ги исполнувале условите за времено именување за директор.

-Станува збор за основното училиште во Подгорци, ги слушнавме завршните зборови и го очекуваме решението – ќе видиме, изјави Џемал Лога, јавен обвинител.

Мерко е обвинет дека именувал вршители на должност директори без одлука од училишните одбори, без распишан конкурс и постапувал со негрижа во користењето на своите дискрециони овластувања како градоначалник, со што, меѓу другото, го нарушил процесот на функционирање на образовните институции. Сите предмети поврзани со училиштата што се водат против градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, се во завршна фаза.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Школо + Фабрика = ЕКОНОМСКИ БУМ: Дуалното образование го кова новиот македонски скок

Следно

Значителна штета на зградата на Иранската државна телевизија по израелските напади

Latest from Blog

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со KfW-предуслов за реализација на клучни проекти за стабилен енергетски систем

На средбата беше разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика. Се дискутираше за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на

Минчев од Белград: Конкретни чекори за поефикасна администрација и продлабочена соработка со Србија

Министерот за јавна администрација Горан Минчев од Белград потенцираше дека соработката меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација навлегува во поконкретна фаза, со јасно дефинирани активности и механизми

Два пенали, две водства на „црвените ѓаволи“ и реми за крај

фото: Premier League (X) Фудбалерите на Манчестер Јунајтед продолжија со просечни резултати на гостински терен во Премиерлигата, ремизирајќи 2:2 против Борнмут во првиот натпревар од 31-то коло. Почетокот на натпреварот на југот
Go toTop