Словенија има понуда за Хрватска во врска со новата нуклеарна централа Кршко

September 18, 2025
1 min read

 Словенија ѝ испрати на Хрватска официјален предлог за изградба на нова заедничка нуклеарна централа, Кршко 2, а предлогот е далеку помалку поволен за Хрватска од сегашниот начин на управување со нуклеарната централа, во која секоја страна има 50 проценти удел.

Според словенечкиот предлог, на кој Хрватска треба да одговори до крајот на септември, најдоцна до почетокот на октомври, на Хрватска ѝ се нуди само една четвртина од сосопственоста во идната нуклеарна централа и дека без право на одлучување, другата четвртина би ѝ била дадена на словенечката државна електроенергетска компанија ГЕН, додека словенечката влада би имала 51 процент од сопственоста на нуклеарната централа, објавува Нови лист.

Дополнително, според истиот предлог, на Хрватска нема да ѝ биде дозволено да ја користи електричната енергија произведена во Кршко, туку, според сосопственичкиот удел, би добивала четвртина од профитот од продажбата на електрична енергија исклучиво на словенечкиот пазар.

Пред помалку од три месеци, потсетува Нови лист, за време на состанокот на словенечкиот и хрватскиот премиер на граничниот премин Виница, беше изразена принципиелна подготвеност за изградба на нова заедничка нуклеарна централа.

Словенечкиот премиер Голоб изјави дека „тие се многу заинтересирани Република Хрватска да учествува во подготовката на тој проект“, но немаше најави за поконкретни активности и детали во врска со сосопственоста и управувањето со идната нуклеарна централа. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најлошиот Манчестер во историјата бележи рекордни профити

Следно

Божиновска и ЕВН разговараа за заштита на потрошувачите и енергетски предизвици

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства
Go toTop