Словенија донесе одлука, да забрани, увоз, извоз и транзит на оружје за Израел поради воените акции во Газа

August 1, 2025
1 min read

Словенија стана првата земја во Европа која воведе целосна забрана за увоз, извоз и транзит на воено оружје и опрема до и од Израел, вклучително и преку нејзината територија. Одлуката е донесена еднострано, во контекст на отсуство на заеднички европски одговор на израелската офанзива во Газа.

Премиерот Роберт Голоб во изминатиот период повеќепати најавуваше дека, доколку Европската унија не постигне консензус со конкретни чекори во однос на политиката на Израел, Словенија ќе дејствува самостојно. 

Роберт Голоб, премиер на Словенија

„Одговорните држави мора да дејствуваат, дури и ако тоа значи да се исчекори пред другите“ вели Голоб.

Според словенечката влада, одлуката е резултат на кршење на меѓународното хуманитарно право.

Соопштение на Словенечка влада

„Луѓето во Газа умираат затоа што хуманитарната помош систематски им се одбива. Тие умираат под урнатините, без пристап до чиста вода, храна и основна медицинска нега. Станува збор за свесно кратење на основните услови за преживување. Во такви услови, одговорноста на секоја држава што се раководи според принципите на меѓународното право е да реагира – дури и доколку тоа значи преземање чекори пред останатите“, се наведува во официјалното соопштение на Владата на Словенија.

Покрај оваа забрана, словенечките власти најавија и дополнителни мерки против израелската влада, со цел, како што се наведува, да се изрази јасен став против сериозните и системски прекршувања на човековите права.

Само две недели претходно, Словенија прогласи двајца високи израелски функционери за персона нон грата, министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир и министерот за финансии и одбрана Безалел Смотрих. Официјалната позиција на словенечката влада е дека нивните јавни настапи претставуваат отворено поттикнување на екстремно насилство и кршење на основните права на Палестинците, со реторика која, според оценките, носи елементи на геноцид.

Одлуката на Словенија се темели на претходното признавање на палестинската државност во 2024 година, но и повик до останатите земји да се приклучат во контекст на признавањето на нивната независност.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Охрид во претпразнично расположение

Следно

Ова се заборавените знамињата на Илинден: Симболи извезени со срце и крв

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер
Go toTop