Словенечки пожарникари и специјализирана опрема пристигнуваат во Берово, стадионот „Димитар Беровски“ привремено ќе биде затворен

July 29, 2025
1 min read

Специјалните противпожарни возила и опремата, кои денеска заедно со 50 професионални пожарникари од Словенија ќе пристигнат во Берово, ќе бидат распоредени на стадионот „Димитар Беровски“ како логистички центар со сите расположливи ресурси. Поради тоа, стадионот ќе биде привремено затворен за јавноста, информираа од Општина Берово.

Претходно  директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов информираше дека словенечките екипи ќе тргнат денеска околу пладне, а нивното пристигнување се очекува во вечерните часови. 

Тие ќе бидат дел од координираните напори за гаснење на пожарот на Готен, кој и понатаму е активен и тешко достапен.

Ова не е првпат Словенија да испрати поддршка. Во 2021 година, словенечките и австриските пожарникари активно учествуваа во гаснењето на пожарите во Малешевијата, покажувајќи континуирана солидарност и партнерство со Македонија. Во пожарите во 2021 година во Берово загина словенечкиот пожарникар Жан Кофол, поради што Општина Берово именуваше улица во негова чест.

Покрај Словенија, подготвеност за поддршка изрази и Франција, која понуди дополнителна помош за справување со шумските пожари што ги зафатија делови од источна Македонија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПСЖ не успеа да се договори со Донарума

Следно

Во Нови Сад прифатена иницијатива за споменик на жртвите од падот на бетонската настрешница

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop