Словачкиот премиер Роберт Фицо ранет при обид за атентат, животот му е во опасност

May 15, 2024
1 min read

Словачкиот премиер Роберт Фицо бил застрелан додека се движел меѓу толпа луѓе во градот Хандлова откако претходно бил одржан состанок на владата, објавија локалните медиуми на 15 мај. Итно е однесен во болница.

Новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на официјални лица од Владата, објави дека животот му е во опасност. Дека животот му е во опасност се посочува и на официјалниот профил на Фицо на Фејсбук во објава во која се наведува дека е погоден со неколку куршими.

Инцидентот се случил пред Дом на културата во Хандлова, на околу 150 километри од главниот град, каде премиерот имал средба со симпатизерите.

Министерството за внатрешни работи инцидентот го квалификуваше како „обид за атентат“.

Веднаш по пукањето полицијата го обезбеди местото на настанот.

Фицо првично бил пренсен во болницата во Хандлова од каде со хеликоптер е пренесен во болница во Банска Бистрица, град во централна Словачка.

Очевидци велат дека слушнале четири или пет истрели. Веднаш по нападот, Фицо е пренесен во болница со автомобил што може да се види и од видеата објавени по настанот. На фотографии се гледа и како полицијата апси едно лице за кое се претпоставува дека е осомничениот. Агенциите „Асошиејтед прес“ и „Ројтерс“ објавија дека тој е приведен.

Според новинската агенција Ројтерс, која се повикува на официјални лица од словачката Влада, објави дека животот на премиерот Фицо е во опасност.

Роберт Фицо во октомври беше именуван за премиер по четврти пат

Роберт Фицо во октомври беше именуван за премиер по четврти пат

Претседателката на Словачка, Зузана Чапутова, го осуди пукањето како „брутален и безмилосен напад“ над премиерот Фицо.

„Шокирана сум“, напиша таа на мрежата Икс и му посака брзо закрепнување.

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула Фон дер Лајен, рече дека за вакви акти на насилство „нема место во нашето општество“.

Шефот на ЕУ, Шарл Мишел реагираше дека ништо не може да го оправда насилството и ваквите напади.

Фицо во октомври 2023 по четврти пат беше именувам за премиер за Словачка откако во предизборната кампања ветуваше дека ќе ја прекине воената поддршка за Украина и ги критикуваше санкциите кон Русија.

Обвинувајќи ја либералната претседателка во заминување, Зузана Чапутова, за „либерален фашизам“ успеа да ги убеди граѓаните дека миграцијата и правата ЛГБТИ популацијата сè поголема закана за Словачка од масовната корупција, поради која мораше да се повлече во 2018 година.

Тој имаше и пофали зборови за премиерот на соседна Унгарија, Виктор Орбан, како политичар кој ги брани интересите на својата земја.

Од друга страна, и покрај стравувањата на Брисел и Вашингтон, Фицо во повеќе наврати посочи дека не планира земјата со 5,5 милиони жители да ја извлече од ЕУ или НАТО.

Извор: slobodnaevropa.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓоковиќ без последици откако беше удрен со шише во главата

Следно

Марфи: САД го сметаат Додик за безбедносна закана

Latest from Blog

Николоски: Инвестициите во Коридорите 8 и 10 ќе ја поврзат Македонија со регионот и ќе донесат силен економски развој

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според
Go toTop