Словачкиот премиер Едуард Хегер поднесе оставка

May 7, 2023
1 min read

Словачкиот премиер Едуард Хегер ja доставил својата оставка до претседателката Зузана Чапутова, по долготрајната политичка криза, пренесе Ројтерс.

„Побарав од претседателката да ми го одземе мандатот. Ќе оставам на претседателката да се обиде да ја доведе Словачка на слободни и демократски избори со привремена влада“,

изјавил Хегер, кој е на чело на преодната влада од декември.

Хегер порачал и дека сите негови одлуки ќе бидат усогласени со Чапутова, со која ќе се сретне во текот на денот.

Претходно министерот за земјоделство Самуел Влчан во четвртокот ја објави својата оставка откако беше откриен случај во врска со субвенција од 1,4 милиони евра доделени на неговата компанија. А следниот ден и министерот за надворешни работи Растислав Качер изрази желба да ја напушти владата, но не ги прецизираше причините за неговата одлука.

Хегер беше на чело на привремената влада од 15 декември кога словачкиот парламент изгласа недоверба на коалициската влада и требаше да остане до одржувањето на новите избори.

Неодамна политичката криза се продлабочи во Словачка, земја со 5,4 милиони жители, членка на Европската унија и НАТО.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повеќе од 25.000 удари на гром во Франција во последните 24 часа

Следно

Мнозинството Јапонци против зголемувањето на данокот за јакнење на одбраната

Latest from Blog

Проданоски: Ифтарска средба за граѓаните на Прилеп

По повод светиот месец Рамазан, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, организираше заедничка ифтарска вечера со сограѓани и пријатели од исламска вероисповед. Како што истакна Проданоски, ваквите настани претставуваат потврда дека меѓусебната

Трамп: Не ни треба помош од никого!

„Соединетите Американски Држави беа информирани од повеќето наши „сојузници“ во НАТО дека не сакаат да се вклучат во нашата воена операција против терористичкиот режим на Иран на Блискиот Исток, и покрај фактот

Пониски цени за над 300 лека, меѓу кои и „Ксарелто“ за третман на кардиоваскуларни заболувања

Министерството за здравство ја информира јавноста дека е спроведено годишното усогласување на максималните цени на лековите за 2026 година, согласно важечката методологија за формирање на цените. – Цените на лековите претставуваат клучен
Go toTop