Мнозинството Јапонци против зголемувањето на данокот за јакнење на одбраната

1 min read

АНКАРА (АА) – Околу 80 % од анкетираните во Јапонија се против можното зголемување на даноците за да се финансира јакнењето на одбраната на земјата, и покрај тоа што мнозинството е загрижено поради потенцијалната кинеска акција против Тајван, известува Анадолу.

Анкетата, што во март и април ја спроведе локалната новинска агенција „Кјодо“, укажува на тоа дека јапонското јавно мислење не се согласува со зголемување на трошоците за одбраната со зголемување на даноците, иако мнозинството се залага за јакнење на одбранбените способности на земјата поради нестабилното безбедно опкружување.

Во анкетата учествуваа 3.000 возрасни мажи и жени од Јапонија.

Само 19 % го поздравија повикот на премиерот Фумио Кишида дел од растот на потрошувачката за одбраната да се финансира преку даноци по зголемувањето на расходите за повеќе од 50 % во декември на 43 трилиони јени (319 милијарди долари) за период од 5 години, почнувајќи од фискалната 2023 година.

Околу 60 % од испитаниците се изјасниле дека петгодишниот план „не е соодветен“, додека 88 % сметаат дека објаснувањето за планот „не е доволно“.

Околу 48 % како причина зошто не го одобруваат понатамошното зголемување на данокот наведуваат дека населението не може да ги поднесе понатамошните даночни оптоварувања.

Во врска со можностите Кина да преземе воена акција против Тајван, 53 % рекле дека поради тоа се „исклучително загрижени“, а 36 % дека се „донекаде загрижени“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Словачкиот премиер Едуард Хегер поднесе оставка

Следно

Вучиќ вечерва ќе има обраќање: Ќе соопшти ли важна одлука?

Latest from Blog