Слепиот послушник и потрчко на Заев сега на услуга на Филипче, Аврамовска Мадиќ ги изготви славните измени на КЗ за спас на криминалците од СДС и ДУИ

November 28, 2024
1 min read

Во СДС ништо не е сменето. И покрај смените на хартија на два претседатели, со СДС сè уште владее Зоран Заев. Тоа се гледа и од последниот избор за претседател на СДС, каде што на чело на партијата е ставен Венко Филипче, неврохирургот на Заев со неговите 40 потрчковци. Новите членови на нивниот Централен одбор, всушност се стари лица, добро познати на македонската јавност и се директно под команда на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Викторија Аврамовска Мадиќ е дел од 40-те потрчковци на неврохирургот на Заев, Филипче не може да биде ново лице на СДС, затоа што во изминатиот период на нивно владеење беше на клучни државни и партиски функции.

Како заменик министер за правда, Аврамовска Мадиќ е таа којашто ги осмисли и ги донесе во владата на СДС измените на Кривичниот законик за укинување на повеќе делови во делот за злоупотреба на службената положба.

Со измените на овој закон, зад кои директно стои Аврамовска Мадиќ, се амнестираа и не понесоа кривична одговорност голем дел од криминалците на СДС и ДУИ.

Аврамовска Мадиќ самата јавно призна дека предлагач на измените на Кривичниот закон, со кој се спасија од прогон криминалците на СДС и ДУИ, е Министерството за правда, каде што таа била заменик и дека по нејзин налог, измените ги искуцала дактилографката од нејзиниот кабинет.

Ова е само потврда дека Аврамовска Мадиќ не може да биде ни новото, ниту пак позитивно лице на СДС. Таа е потрчко и слеп послушник на наредбите на Зоран Заев и затоа е поставена и во новиот состав на партискиот Централен одбор.

Со ликови на неврохирургот на Заев, Венко Филипче и неговите 40 потрчковци меѓу кои се Викторија Аврамовска Мадиќ и Фани Каранфилова Пановска СДС дополнително ќе тоне, додаваат од партијата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шилегов со песната „Во бестрага“ го коментираше новото раководство на СДСМ

Следно

Израел ги блокираше сите обиди на ОН да испорача помош во северниот дел на Газа

Latest from Blog

БЕШЕ НАЈУБАВАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ И ЖИВ ОГАН Од седум брака нејзиното темпо најдобро го следел само Ричард Бартон

„Подготвена сум да одам. Не сакам да задоцнам“, ѝ рекла Елизабет Тејлор на медицинската сестра на смртната постела, само неколку минути пред да ги затвори очите и да почине. Тоа било на

ИМААТ РЕЧИСИ ПО 90 ГОДИНИ Најпознатите баби на Инстаграм развијаа „опасен“ бизнис

Две искусни баби од Апулија, во поодмината возраст, станаа ѕвезди на Инстаграм благодарение на своите кулинарски вештини, кои ги „зачинија“ со хумор и добра забава. Искусните раце ги водат прстите на почетниците

Ѓорѓиевски: Дислокацијата на Цементарница не може да се реши преку ноќ, има и останати погони и фабрики кои треба да бидат дислоцирани

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ги поддржува заклучоците усвоени на вчерашната седница на Советот за аерозагадувањето и веќе за неколку дена најавува средба со заменик-министерката за животна средина и со премиерот за
Go toTop