Следната година ќе украсуваме од септември, порача Арсовска по низата критики на нејзина сметка

December 21, 2023
1 min read

Арсовска вети дека следната година ќе се украсува уште во септември. Дали нејзината изјава е иронична или не, проценете сами! 

– Како ќе оправдаат после мандатот, кога ќе треба да платат 300.000 евра за украсување за Нова година? Над 2 милиони евра земале изминативе години. Сега по јавен повик, украсувањето чини 30.000 евра. Ние славиме Божиќ на 7-ми јануари, секоја година во исто време. Јас им ветувам на граѓаните дека следна година од 20-ти септември ќе почнеме да украсуваме, за да биде навремено и да не се чувствуваат дека не сме почнале на време, изјави синоќа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска откако во претходниот период беше на удар на критики од јавноста поради украсувањето на градот.

Според неа, во земјава има посериозни проблеми како „крадење 30 години, приватизација, бркање илјадници луѓе од работа, тоа не е тема на разговор тоа што секој ден му ја цицаат крвта на народот, ама тема била елката зошто била 30 илјади евра“.

– Некој го боли што утре нема да може да краде во градот. За мене поважно е сите овие ранливи категории на граѓани кои што имаат топол оброк и да имаат место каде да преспијат. Купивме две возила и сега имаме 11 за децата со попреченост и лицата со телесни и физички инвалидитетит, за да им овозможиме превоз, рече Арсовска во емисијата „Тешки муабети“.

Како што кажа градоначалничката, градот има седум елки и плоштадот е украсен.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре се бира наследник на Јовески, има тројца кандидати

Следно

Израелски медиуми: Хамас бара ослободување на тројца највисоки палестински лидери при договорите за размена со Израел

Latest from Blog

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин

Николоски: Со сложени зафати го решаваме најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници

Гоце Седлоски нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото
Go toTop