Скотски цел живот работи, за други, туѓи батерии

August 14, 2023
2 mins read

Зошто колумбиските селани, одговорни за производството на речиси 80% од светскиот пазар на кокаин, заработуваат само 1.000 долари годишно додека килограм кокаин во САД се продава за 150.000 долари?

Догматскиот одговор е една од најголемите измами во капиталистичкиот свет: платите подлежат на „законот за понуда и побарувачка“.

Ако платите во кој било производствен синџир би биле диктирани исклучиво со овој закон, тогаш најтешките работни места на дното на пирамидата (каде што понудата на работна сила е помала отколку на повисоките нивоа) или специјалистите во академската или научната елита би биле убедливо најдобро платените позиции. А не се.

Причината лежи во истата пирамида на моќ која се одржува со тон  пропаганда и репродукција на владеачката класа во корисни функционални врски: менаџери, помошници менаџери, експерти за односи со јавноста, комуникатори, пропагандисти, политичари, платеници…. фосилизирани во институции (влади, конгреси, медиуми, училишта, универзитети, цркви, клубови, армии, полиција) кои ја гарантираат светоста на приватната сопственост.

Ако оние полу-робови во Колумбија би имале повисоки плати и подобри услови за живот, тие веројатно би се образувале и би мигрирале во други сектори.

Истото се случува со ропската работа во различни региони на Азија, Африка и Латинска Америка.

„Во многу случаи, неплатените робови од 19-от век биле подобро хранети и помалку труени од денешните африкански работници, од рудниците за кобалт во Конго, до планините на електронски отпад во Гана и Танзанија“, пишува Хорхер Мајфуд, професор на Универзитетот во Џексонвил.

Згора на тоа, социјалната разлика меѓу робовите и нивните господари во 19-от век не била толку голема како онаа што постои денес меѓу луѓето од производството и господарите на транснационалните корпорации.

Само што денес, оние првите не се викаат робови туку слободни граѓани.

Денес стотици илјади Конгоанци и десетици илјади деца се подложени на најбрутални облици на ропство: за дневна плата од 7 долари кога имаат среќа (и 2 долари кога е нормален ден), вадат кобалт со лопати и раце. Попат, овие мажи, жени и деца развиваат различни болести поради фактот што кобалтот е токсичен во контакт со кожата. Настрана тоа што тие седум долари едвај дозволуваат едно семејство да се најаде, а долгата и мачна работа ги спречува децата да одат на училиште или да имаат пристојно детство.

Кобалтот е од суштинско значење за батериите смартфони, компјутери и автомобили а 75% од него се вади од Конго. Тоа е земја со едно од најлошите досиеја полно со нарачани убиства и брутални диктатури, откако беше убиен големиот Патрис Лумумба (од белгиски извршители, со вмешаност на МИ6 и  ЦИА, откако американскиот претстедател Ајзенхауер посакал Лумумба „некако да падне во река полна крокодили“).

Ако робовите од Конго се суштински во синџирот на трговија со кобалт и се неопходни за функционирањето на нашиот дигитален свет, зошто нивните плати се под минималните услови за преживување а нивните права под правата на робовите од минатите векови?

Затоа што се дехуманизираат производителите но и потрошувачите, глобалните конзументи кои или се несвесни или претпочитаат да го игнорираат фактот дека постојат модерни робови.

„И после се плашат од вештачката интелигенција, дека еден ден таа ќе го презела светот! Која е разликата за модерниот роб, дури и за глобалната средна класа, помеѓу тоа да биде доминиран од роботи или да продолжи да биде доминиран и експлоатиран од човечки елити?“, прашува Мајфуд.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Загина пешак на автопатот Велес – Скопје, возило удрило во него!

Следно

(ВИДЕО) Конго-кримска треска: Ветеринари и епидемиолози го проверуваат теренот на Вардар каде што рибарел заразениот велешанец

Latest from Blog

Притвор за три лица осомничени за предизвикување национална омраза

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три полнолетни лица за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1

Сиљановска Давкова за инцидентите со знамето: Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова преку социјалните мрежи ги осуди вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме, беше осквернавено македонското знаме. Како што напиша Сиљановска Давкова на својот профил

Казни од 2,2 милиони евра за грчки компании поради лажни попусти

реку специјалната дигитална алатка за откривање лажни попусти што ја користат ревизорските служби на Министерството за развој на Грција, биле откриени 14 компании кои во изминатите седмици се обиделе со лажни попусти

Турскиот претседател ја нагласи потребата од развивање прецизни, трајни и долгорочни политики за миграцијата

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ја нагласи потребата да се пристапи кон миграцијата од сеопфатна перспектива и соодветно да се развијат прецизни, трајни и долгорочни политики, јавува Анадолу.

ОН: Над 60 милиони жени и девојки принудено раселени се соочуваат со висок ризик од родово насилство

ЖЕНЕВА (АА) – Агенцијата за бегалци на Обединетите нации денес алармираше поради огромниот скок на ризикот од родово базирано насилство врз жените и девојчињата принудени да бегаат со оглед на тоа што
Go toTop