Скопскиот фестивал продолжува со поетско читање

September 28, 2023
1 min read

Во рамки на третото издание на Скопскиот поетски фестивал вечер ќе биде одржано интернационалното поетско читање.

Ќе настапат Марам ал-Масри од Франција, Имануел Мифсуд од Малта, Лана Деркач од Хрватска, Мартин Глаз Серуп од Данска, Драгослав Дедовиќ од Србија, Ален Брлек од Хрватска и Николина Андова Шопова. Читањето ќе биде придружено со соло концерт на гитара на Александар Бошков.

Фестивалскиот ден започна со утринска јога со поетска медитација воден од Марија Георгиева, во Паркот на франкофонијата.

Во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје со почеток од 11:00 часот, како што е најавено ќе се одржи настанот Оut & About: панел-дискусија за зголемување на видливоста на македонската книжевност во странство преку преводи и учество на книжевни фестивали. придружена од Тодорче Тасевски (директор на „Струшките вечери на поезијата“), Владимир Јанковски (уредник на издавачката куќа „Готен“), Дејан Трајковски (директор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“), Билјана Црвенковска (преведувана авторка и уредник на издавачката куќа „Чудна шума“) и Петар Андоновски (преведуван автор).

Потоа, во 18:00 часот во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, ќе се одржи промоција на „Избор из савремене македонске поезије“, приредила и препеала на српски – Валентина Бакти. Промоцијата ќе се состои од поетски перформанс и кус разговор со
преведувачката и со Ѓорѓе Живадиновиќ Гргур, а со поетско читање ќе настапат и дел од застапените поети во изданието. Во рамки на проектот ќе биде отворена и изложба на фотографии од Радмила Ванкоска (портрети на поетите застапени во изданието).

На крајот, ќе бидат емитувани неколку куси поетски филмови, еден режиран од Ѓорѓе Живадиновиќ Гргур (Србија) и омнибус четири анимирани филмови НЕБИДНИНА, посветени на поезијата на Ацо Шопов, во режија на Жарко Иванов, Крсте Господиновски, Иван Ивановски и Владимир Лукаш.

 

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бектеши: Јужното овошје и дел од зеленчукот ќе поевтини, намалена е царината и зголемени квотите за увоз

Следно

Калининград повторно да биде Кенигсберг, барем на изговор

Latest from Blog

„Престанете да тропате на вратата на Кремљ“

Литванскиот претседател Гитанас Науседа апелираше до европските политичари да престанат да „тропаат на вратата на Кремљ“, сметајќи дека тоа ја ослабува позицијата на Европа. „Позицијата на Европа тешко може да се зајакне

Кенгур брутално претепа човек: Му се нафрли на кучето, а потоа ме удри по лицето (ВИДЕО)

Жртвата била однесена во болница со повреди кои, според медиумските извештаи, би можеле да бидат „споредливи со сериозни повреди од сообраќајна несреќа“. „Излезе како ракета“ Според Кол, кенгурот излегол од водата и

Изет Меџити му честиташе на Албин Курти за изборот на новата влада во Косово

Во пресрет на 18-годишнината од независноста на Косово, земјата влезе во ново политичко поглавје со формирањето на Владата „Курти 3“. По тој повод, Изет Меџити упати честитка до Албин Курти за неговиот

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше
Go toTop