Скопската Итна помош со зголемен број интервенции поради зимските услови

January 14, 2025
1 min read

Снегот и голомразицата што го зафатија Скопје предизвикаа значителен број несреќи и повреди, принудувајќи ја Итната медицинска помош да реагира на десетици случаи секој ден. Според податоците од скопската Итна помош, само во последните неколку дена биле регистрирани стотици интервенции поврзани со зимските услови.

Од 11 јануари до вчера, скопската Итна медицинска помош извршила вкупно 254 интервенции. Според доктор Рихад Реџепи, шеф на смена, во овие случаи биле вклучени сообраќајни несреќи, повреди при паѓање на замрзнати површини, како и инциденти со лица во алкохолизирана состојба или оние кои биле повредени во тепачки.

-Евидентирани се шест интервенции директно поврзани со паѓање на снегот, при што луѓе се здобиле со повреди на нозете, главата и други делови од телото. Апелираме до граѓаните да избегнуваат непотребни излегувања, особено децата и постарите лица. Секогаш да се почитуваат препораките на АМСМ: внимателно возење, задолжителна зимска опрема и почитување на дозволената брзина – изјави доктор Реџепи.

Оваа ситуација уште еднаш ја потсетува јавноста на потребата од зголемена претпазливост и одговорност при зимски услови, со цел да се избегнат непријатни и опасни ситуации.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре ќе има „сонце со заби“, а потоа пак снег

Следно

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ќе го положи Чесниот крст во Охридско Езеро за Водици

Latest from Blog

Ираола: Црвениот картон на Гравенберх го промени текот на дербито

Менаџерот на Ливерпул, Андони Ираола, смета дека исклучувањето на Рајан Гравенберх било клучниот момент во поразот од Манчестер сити со 0-3 на „Енфилд“. Гостите постигнаа три гола за 13 минути, откако домашниот

ТРАМП ПРОГЛАСИ ПРИМИРЈЕ. Зеленски е изненаден: Армијата доби наредба

Американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш објави дека „„енергетското примирје“ меѓу Русија и Украина ќе стапи на сила веднаш“. „Двете страни се согласија. Не го кршете! Ви благодарам за вниманието. Претседателе ДОНАЛД Џ.

Милан освои само бод на гости кај Сасуоло

Милан не успеа да стигне до победа на гостувањето кај Сасуоло, ремизирајќи 1-1 во натпреварот од шестото коло во Серија А. Росонерите први поведоа во второто полувреме, но домаќините брзо возвратија и
Go toTop