Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ќе го положи Чесниот крст во Охридско Езеро за Водици

January 14, 2025
1 min read

Архиепископот на Македонската православна црква ОА, неговото блаженство господин господин Стефан ќе раководи со чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро за големиот христијански празник Богојавление.

Архиепископот Стефан ќе го положи Светиот крст во езерото кај Градското пристаниште во Охрид, пред традиционално голем број верници и оние што ќе влезат во студените езерски води.

Празникот Водици традиционално се одбележува на 19 јануари. Чествувањата на Богојавленските празници во Охрид ќе се одбележат со сите црковни обичаи, но ќе има и сенародна веселба во организација на локалната самоуправа.

За добро празнично расположение на Водици се задолжени Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и групата „Де-Ен-Ка“, со композиции од музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“, додека за утредента кога се празнува Денот на рибарите за забава се ангажирани членови од охридскиот музички еснаф.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопската Итна помош со зголемен број интервенции поради зимските услови

Следно

Израелските сили убија уште 23 Палестинци во нападите низ Газа

Latest from Blog

ВЛЕН: „Колку подолго ДУИ се во опозиција, толку подобро за Албанците“

ВЛЕН со остри критики кон Демократска унија за интеграција и лидерот Али Ахмети, обвинувајќи ја партијата дека „нема морален кредибилитет да зборува во име на Албанците“. Во партиското соопштение, ВЛЕН наведува дека

Проданоски: Музиката на младите го разубавува секој агол од Прилеп

Успешно се реализираше првиот ден од концертите на отворено во организација на ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ од Прилеп, на кои настапија млади музички таленти на три различни локации низ градот. Градоначалникот

Firestarter 2026: Корисничкото искуство повеќе не е функција – тоа е бизнис стратегија

Компаниите што ќе победуваат во иднина нема да бидат оние што само продаваат производи и услуги, туку оние што создаваат доверба, чувство на припадност и искуства што луѓето ги паметат. Ова беше
Go toTop