Скопје валкано, контејнери полни со отпад – Арсовска: Градот функционира, работи исто како и минатите години

May 5, 2025
1 min read

Граѓаните често реагираат дека главниот град Скопје е валкан, неизметен, а контејнерите полни со отпад.

„Контејнер. Оваа направа во цел свет функционира многу едноставно. Граѓаните во него фрлаат отпад, а комуналните претпријатија кои што ги плаќаат граѓаните го носат и го депонираат во депонии. Но, кај нас ова е нешто митско, во него само се става, се става и се става отпадот и многу ретко се изнесува“, вели репортерот на ТВ21, Горан Теменугов.

Но, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска не се согласува со мојата забелешка за фрекфентноста. Вели се е исто како и пред многу години.

„Градот Скопје функционира, односно комуналното претпријатие, Јавното претпријатие, Комунална хигиена, работи идентично, поденаково како што работело и во сите изминати години… Значи, секојдневно во оние денови од неделата, кога за истото, нормално, треба да излезат на теран и да го завршат истото“, изјави Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје.

Таа проблемот не го гледа во функционирањето на ЈП Комунална хигиена. Според неа, во последниве години драстично се зголемил волуменот на отпад околу и во контејнерите.

„Се случува да имаме ситуацији каде што комунално претпријатие или пак приватни субјекти кои што ги собираат овие отпади од доманкинствата, односно од правни лица, истите не ги исфрлаат во Дрисла, како единствената санитарна депонија во Македонија. А сега, бидејќи имаме навистина ригорозни санкции, успеваме да ги детектираме сите оние депонии, каде што се обидуваат да ги депонираат и таму следат кривични одговорности, тие во часовите, наоѓаат кога има некој измеѓу период, истото го вршат како празнење во контејнерите, односно, поконкретно покрај контејнерите“, изјави Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје.

Арсовска вели дека Комуналната инспекција во Град Скопје работи турбо и дека таа има двојно повеќе инспекции и казни во споредба со сите останати такви инспекции од цела држава.

„Така секоја општина има свој инспектори кои што, за жал, треба да се на терен и да поступуваат и исто така секоја општина има свој комунални предпријатија кои што, исто така, треба да работат“, изјави Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје.

Арсовска вели и дека улиците редовно се метат, но дека само по неколку часа тие повторно се валкани. Не сакаше да даде оценка од 1 до 10, каде 10 е највиоска, за тоа колку Скопје е чисто.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

АКТЕРИТЕ СОЊА МИХАЈЛОВА, СНЕЖАНА КОНЕСКА-РУСИ И ГОЦЕ ТОДОРОВСКИ НАГРАДЕНИ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ОД ФЕСТИВАЛОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“

Следно

Почина некогашниот ментор на Михаел Шумахер и победник на „24 часа Ле Ман“

Latest from Blog

Во Република Српска потврден случај на тифус кај студентка од Индија

Заразената е студентка од Индија и преземени се сите неопходни мерки за нејзино лекување и спречување на ширење на инфекцијата. Станува збор за увезен случај, бидејќи студентката претходно прележала тифус, а пред

Најбогатиот знак во ноември: Очекува зголемување на платата – пристигнуваат деловни понуди

Во ноември, астролошки гледано, Јарецот има најмногу можности за богатство и финансиски напредок. Енергијата на месецот му носи стабилност, нови деловни понуди и шанси конечно да ја отплати напорната работа од претходните

Алиу: После изборните резултати нашата коалиција е сигурна и посилна

После десет години имаме нов амбиент во државата, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање во врска со резултатите од локалните избори. Нашата коалиција, посочи, не беше задкулисна
Go toTop