Скопје станува регионален центар за европска сертификација на финансиски професионалци

August 13, 2026
2 mins read

АБИТ и ЕФПА Луксембург започнуваат стратешко партнерство преку кое во регионот ќе бидат достапни меѓународни програми за финансиско образование и професионална сертификација. Ова нуди посебна вредност за студентите на Хајделберг факултет Скопје.

Скопје, 12 август 2026 – Академијата за банкарство и информатичка технологија – АБИТ го официјализираше рамковниот договор за стратешкото партнерство со ЕФПА Луксембург, преку кое Скопје се позиционира како регионален центар за обука и професионален развој на финансиски експерти од Адриа-регионот.

Партнерството, кое ќе се реализира и преку платформата LI4FE -Институт за финансиско образование Луксембург, предвидува развој и спроведување меѓународно усогласени програми за финансиско образование и професионална сертификација.

Преку соработката, АБИТ ќе има улога на регионален центар за обука и оперативен партнер, задолжен за идентификување на потребите на пазарот, организација на програмите и испитите и приспособување на содржините кон регулаторниот и економскиот контекст на земјите од регионот.

ЕФПА Луксембург ќе обезбедува стручна и научна поддршка, образовни содржини, испити, професионални стандарди и пристап до дигиталната инфраструктура на LI4FE.

„Овој договор е повеќе од институционално партнерство. Од Скопје градиме центар кој ќе ги поврзе академското знаење, потребите на финансискиот сектор и меѓународните стандарди на ЕФПА. Преку АБИТ и Хајделберг факултет Скопје, студентите уште во текот на студиите ќе можат да се подготвуваат за релевантна ЕФПА сертификација и за кариера на европскиот пазар“, изјави проф. д-р Синиша Наумоски од АБИТ / Хајделберг факултет Скопје.

Програмите ќе бидат наменети за професионалци од банкарскиот и финансискиот сектор, но и за студенти кои сакаат да ги развиваат компетенциите потребни за современиот европски финансиски пазар.

Тие ќе опфаќаат повеќе области, меѓу кои инвестициско и финансиско советување, приватно банкарство и финансиско планирање, управување со финансиски ризици, усогласеност, етика и финансиска регулатива, одржливи финансии и ESG, финансиска анализа, кредитирање, финтек и финансиски иновации.

Наставата ќе се реализира преку комбинација од обука во живо, онлајн-модули на платформата LI4FE, практични работилници, вебинари и виртуелни училници. Кандидатите ќе можат да се стекнат со соодветна меѓународна ЕФПА професионална сертификација по исполнување на предвидените услови и успешно положен завршен испит.

Првата фаза ќе започне со програми на англиски јазик, а паралелно ќе се работи на нивно приспособување на македонски, црногорски и словенечки јазик. Почетниот фокус ќе биде на Македонија и Црна Гора, по што е планирано постепено проширување кон Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и други пазари од регионот.

„Адриа-регионот има јасна потреба од висококвалитетно, практично и континуирано професионално образование во финансиите. Со поврзување на регионалниот капацитет на АБИТ, меѓународните стандарди на ЕФПА Луксембург и дигиталната инфраструктура на LI4FE, можеме да им помогнеме на финансиските професионалци да ги развијат знаењата, етиката и компетенциите што ги бара современиот пазар“, изјави Роџер Х. Хартман претседател и основач на ЕФПА Луксембург.

Нова можност и за студентите на Хајделберг факултет Скопје

Посебен дел од партнерството е вклучувањето на Хајделберг факултет Скопје, каде што сертификациската патека на ЕФПА ќе биде интегрирана во соодветните делови од студиските програми. На тој начин, студентите паралелно со академското образование ќе можат да развиваат практични компетенции и да се подготвуваат за релевантна меѓународна ЕФПА сертификација.

Моделот создава директна врска меѓу високото образование, практичната подготовка и потребите на финансискиот сектор, а стекнувањето на сертификацијата ќе биде условено со исполнување на предвидените професионални критериуми и успешно положен испит.

Со партнерството, АБИТ и Хајделберг факултет Скопје ја зајакнуваат позицијата на Скопје како регионална точка за современо финансиско образование, професионален развој и меѓународна сертификација.

За АБИТ

АБИТ – Академија за банкарство и информатичка технологија е центар за обука и професионален развој на финансиски експерти и студенти, со фокус на практично образование, банкарство, финансии и информатичка технологија.

За ЕФПА Луксембург

ЕФПА Луксембург е непрофитна професионална асоцијација во областа на обуката и сертификацијата на финансиски професионалци, а LI4FE е нејзина платформа за дигитално учење и развој на финансиски компетенции.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Битола со нова дезинсекција: Целта е намалување на ризикот од Западнонилска треска

Следно

ЕИБ: Европа има неискористен минерален потенцијал – Македонија со потврден бакар во Иловица

Latest from Blog

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос

Николоски: Македонија домаќин на светската градежна научна елита

Македонија е домаќин на Eurock 2026, престижен меѓународен собир на градежната научна јавност, на кој учествуваат неколку стотици професори и експерти од целиот свет. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар
Go toTop