ЕИБ: Европа има неискористен минерален потенцијал – Македонија со потврден бакар во Иловица

August 13, 2026
2 mins read

Европската инвестициска банка повикува на забрзување на геолошките истражувања и развојот на нови рударски проекти во Европа. Во својот последен технички извештај „Предизвици и решенија за истражувањето на минерали во Европа“, ЕИБ оценува дека континентот располага со значаен, но сè уште недоволно искористен минерален потенцијал.

Од Банката посочуваат дека земјите треба побрзо да ги истражуваат сопствените геолошки ресурси и да создаваат услови за отворање нови рудници, при што како позитивни примери ги издвојуваат Финска и Шведска.

Според извештајот, долгогодишниот недостиг од инвестиции во геолошките истражувања оставил премалку проекти кои се доволно подготвени за премин од истражување кон реализација на рударски проекти.

Во македонски услови, меѓу потврдените минерални потенцијали се издвојува бакарот во Иловица, што отвора прашање дали земјата ќе успее навреме да го искористи сопствениот ресурсен потенцијал во услови кога Европа забрзано ги активира своите минерални ресурси.

„Оваа студија покажува дека Европа има значаен сопствен минерален потенцијал, кој би можел да игра многу поголема улога во зајакнувањето на нашата безбедност при снабдувањето. Предизвикот е да се создадат услови што ќе овозможат овој потенцијал да биде откриен и развиван одговорно. Тоа значи подобри геолошки податоци, побрзо и попредвидливо издавање дозволи и финансиски алатки што помагаат да се привлечат приватни инвестиции во високоризичен, но стратешки важен дел од вредносниот синџир“, изјави потпретседателката на Европската инвестициска банка, Никола Беер.

Додека Европа засилено го крати периодот за издавање на дозволи за рударски проекти и повикува на привлекување на инвестиции, во Македонија има само една сериозна најава за рударски проект. Станува збор за рудникот за бакар во Иловица. Сепак, оваа инвестиција се уште не е реализирана, иако се изминати повеќе од 22 години од дозволата за детални геолошки истражувања на локалитетот, издадена во 2004 година. Податоците од истражувањата покажаа дека е возможна експлоатација на 10 милиони тони годишно. Тестирањата потврдиле искористување на 84 отсто за бакарот. Просечното годишно производство би било 16 илјади тони бакар, а во предфизибилити студијата биле утврдени 237 милиони тони ресурси и резерви од 225 милиони тони руда. Во 225 милиони тони руда се проценува присуство на 410 илјади тони бакар. Животниот век на рудникот е предвиден да трае 23 години.

Инаку, студијата на ЕИБ дава препораки и за тоа како да се овозможи одговорно истражување, да се спроведе и промовира Законот за критични суровини, да се зајакне геолошката наука, да се мобилизира капиталот за истражување и да се изгради посилен екосистем за рударски иновации и употреба на модерните технологии.

„Студијата идентификува и неколку пречки што го ограничуваат истражувањето во ЕУ: сложени и фрагментирани системи за дозволи, долги периоди на одобрување, ограничена јавна свест зошто критичните суровини се важни, нецелосно или застарено геолошко мапирање, премалку мали компании за истражување способни да преземат ризик во рана фаза и недоволни финансиски стимулации за проекти во рана фаза“, наведува ЕИБ.

Како што се додава, без истражување, не може да има нови рудници, односно нова домашна понуда и силен тек на проекти за подоцнежни инвестиции. Според студијата, најголемиот ризик е што само околу еден од 10.000 рани потенцијални истражувачки проекти и еден од 1.000 понапредни истражувачки проекти на крајот стануваат оперативни рудници.

Директивата за критични суровини на ЕУ поставува цел за најмалку 10% од годишната потрошувачка на стратешки суровини во ЕУ да доаѓа од домашен ископ до 2030 година. Тековните трошоци за истражување на минерали во ЕУ се проценуваат на околу 0,2 милијарди евра годишно, а за да се помогне во исполнувањето на целите на ЕУ, ЕИБ проценува дека сумата би требало да се зголеми десеткратно, на околу 2 милијарди евра годишно во текот на следните пет години. Ова би ги поставило трошоците на ЕУ за истражување над моменталните трошоци на Канада и Австралија, две од водечките светски сили во рударството.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопје станува регионален центар за европска сертификација на финансиски професионалци

Следно

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments за групни нарачки

Latest from Blog

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос
Go toTop