Скопје: Со поддршка на ТИКА се одржа работилницата насловена „Една жена една приказна“

November 7, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Во соработка на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Здружението ЗОР од Скопје се одржа третото издание од работилницата насловена „Една жена една приказна“, пренесува Анадолу.

Според соопштението на ТИКА, првото издание на оваа работилница било одржано во Нови Пазар во 2021 година, второто издание во Приштина во 2022 година, додека третото издание е одржано во Скопје.

Работилницата има за цел подигнување на свеста за успешната улога на жената во општеството.

На оваа работилница беа презентирани успешните приказни на 21 жена од Северна Македонија, Косово, Србија и Западна Тракија.

Претседателката на Здружението ЗОР, Хаџер Сулооџа, упати благодарност до ТИКА за дадената поддршка.

„Балканските жени се силни. Балканските жени пишуваат историја. Балканските жени се лидери. Иако зборуваат различен јазик, нивната цел е да му служат на човештвото“, додаде таа.

Свое обраќање имаше и пратеничката во косовскиот Парламент од редовите на Демократската турска партија на Косово (КДТП), Фидан Брина Жилта, која рече: „Ќе имаме моќна иднина кога ќе имаме силни жени кои можат да застанат на свои нозе.“

Координаторот на ТИКА во Скопје, Мехмет Бајрак, во своето обраќање укажа на важноста на оваа работилница.

„Верувам дека приказните за успех што ќе ги слушнеме од вас, како и искуствата што сте ги добиле на патот кон овој успех, ќе претставуваат пример за нашите млади лица и ќе придонесат за постигнување на нови приказни за успех“, нагласи Бајрак.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од утре облачно и посвежо со дожд, се најавува и снег на планините

Следно

Израел објави видеоснимка од наводната принудна депортација на Палестинците од северниот дел на Газа

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop