Скопје со најтоксичен воздух во Европа – Шукова: Треба десетици години да се реши проблемот

September 24, 2023
1 min read

реклама



Британски Гардијан објави дека сите во Европа дишат токсичен воздух, но во Северна Македонија е најтоксичен. Министерката за животна среднина Каја Шукова за Радио Слободна Европа вели дека е илузорно да мислиме дека проблемот со аерозагадувањето можеме да го решиме за две, три или четири години, потренби биле од десет до 20 години .

„Не би одела со таква квалификација – најтоксичен. Тоа се одредени денови во годината кога имаме проблем, особено во градовите коишто се во котлина како што е Скопје. Не би одела баш со такви квалификации, а дека има проблем, има. Ние работиме постојано на негово надминување, и централната и локалната власт.“, рече Шукова.

Податоците во истражувањето Гардијан ги зема од мерни станици и од сателитски снимки и според тоа доаѓаат до заклучок дека во земјава воздухот е најтоксичен.

„Тоа се определени денови во годината и морам да кажам дека во изминатите денови бројот на тие денови се намалува, што е многу добро и значи дека сме презеле одредени мерки. Јас се надевам дека, меѓу другото, и кај граѓаните се подигнала малку јавната свест, па не користат нееколошки материјали за да се затоплуваат. Она што го кажуваа статистиките во Европа и во светот, е дека особено на главните градови им требаат повеќе години за да можат да се справат со овој проблем, односно да се префралт од нееколошки системи за затоплување, кон еколошки системи за затоплување, коишто помалку го загадуваат воздухот. Илузорно е да мислиме дека тоа можеме да го направиме за две, три или четири години. Праксите покажуваат дека тоа се случува од десет до 20 години. За големина на градот Скопје треба најмалку треба околу десетина години за да се инвестира сериозно, да се научат граѓаните како да се однесуваат, да се научиме сите како треба да се однесуваме, меѓутоа само заеднички можеме да го решиме проблемот“, рече Шукова.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Модриќ во јануари се сели кај Меси во Мајами?

Следно

МНР: Седум македонски државјани биле во хотел во непосредна близина на извршениот напад врз косовските полицајци

Latest from Blog

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЗАГИНАЛЕ НА АВТОПАТОТ БЕЛГРАД – НИШ, автомобилот имал германска регистрација

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград-Ниш, дознава „Telegraf.rs“. Неофицијално, возачот на автомобилот „Сеат“ ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот. Маж

На култниот португалски клуб му се заканува целосно згаснување на крајот од годината

Фото: Боависта Х Поранешниот португалски шампион Боависта минува низ најтешките моменти во својата историја. Откако клубот беше исфрлен во аматерскиот ранг на натпреварување, сега му се заканува и целосно згаснување. Судот донесе

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, каде, според податоците од официјалната веб страница, има повеќе откажани и одложени летови. На официјалната страна на Меѓународниот аеродром Скопје, од утринава откажани се летовите

Започна најголемиот зимски фестивал во Македонија – „Зимска приказна“ во Битола

Битола – Со синоќешниот концерт на групата „Супер хикс“ на платото кај Офицерскиот дом, официјално започна празничната манифестација „Зимска приказна“ во Битола, која и оваа година го оживува градот во пресрет на
Go toTop