Скопјанец си го оставил кучето во напуштена фабрика без храна и вода

October 31, 2023
1 min read

реклама


ЈП Лајка информира за една свирепа и страшна приказна за животот на едно куче, а воедно и реалност за сопственичките кучиња како завршуваат кога своите сопственици не сакаат повеќе да се грижат за нив.

Имено, тие велат дека по пријава од граѓани за куче кое веќе подолго време е на јавен простор, напуштено, без сосптвеник беше заловено куче од нашите екипи на 18.10.2023 година во општина Аеродром.

реклама

„По стандарна проверка се воспостави дека кучето има микрочип, а неговиот сопственик веднаш беше контактиран. Наредниот ден на 19.10.2023 кучето беше превземено од неговиот сопственик, кој си плати за заловување на кучето, согласно правилникот за работа на ЈП Лајка“, велат од ЈП Лајка.

Според нив, на 26.10.2023 по пријава од граѓани дека има напуштено и заробено куче во напуштена фабрика во населба Автокоманда, нашите екипи веднаш постапија по пријавата.

реклама

„Кога пристигнаа на посочената локација, го најдоа истиот германски овчар, напуштен и ВРЗАН во напуштената фабрика. Кучето беше изгладнето, изнемоштено и болно, свесно оставено без пристап до вода и храна, видно вознемирено, но среќно кога виде дека доаѓаат луѓе да му помогнат. Кучето веднаш доби вода и храна, а и самото влезе во нашето комбе.

Овој пат кучето останува со нас до негово вдомување, случајот ќе биде пријавен до Агенција за храна и ветеринарство, а и ќе биде покренета кривична постапка согласно член 233 од кривичен законик за мачење на животни до сопственикот на ова куче.

реклама

Кучето не е во најдобра здравствена состојба, се надеваме дека за брзо време ќе биде добро и ќе биде објавено за вдомување“, додаваат од ЈП Лајка.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската Армија приведе уште 60 Палестинци во Западниот Брег

Следно

Документарецот на Тамара Котевска ќе има светска премиера во Њујорк на 9 ноември

Latest from Blog

Левандовски влезе во КЛУБОТ 500! (ФОТО)

Фото: ФЦ Барселона/Твитер Уште еден доказ дека станува збор за еден од најдобрите напаѓачи во светот во последните 15 годиини. Имено напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, го запиша својот 500-ти натпревар во

Откажани се вкупно 20 летови: Најнови информации од Скопскиот аеродром, важна вест за патниците

Од 00:00 часот на полноќ до 20 часот, денеска 21 декември 2025 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна: -Слетаа 13 авиони, од:

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна
Go toTop