Скопјанец доби кривична пријава поради загрозување на животната средина и природата со отпад

February 24, 2023
1 min read

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.А.(50) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад” по член 230 од Кривичниот законик.  

– На 06.10.2022, полициски службеници од Единица за економски и компјутерски криминал и инспектори од Државниот пазарен инспекторат и од Државниот инспекторат за животна средина извршиле контрола на импровизирано и нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини во општина Чучер Сандево, информира МВР.

Како што соопшти МВР, на местото бил затекнат пријавениот како тргува со отпад без да е регистриран во Централен регистар како физичко лице или како трговец поединец и без да поседува Дозвола за вршење дејност за управување со отпад, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полскиот премиер Моравиецки во посета на Украина

Следно

Кличко: Ќе надминеме сè и ќе победиме

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop