Сити во небрано, спонзорите веќе ги разгледуваат договорите и размислуваат за повлекување

September 27, 2026
1 min read

Манчестер сити би можел да претрпи сериозен финансиски удар доколку остане во сила одлуката во случајот за наводните прекршувања на финансиските правила во Премиер лигата.

Според информациите што ги пренесуваат британските медиуми, дел од спонзорите на клубот веќе ги разгледуваат актуелните договори со Граѓаните, поради можноста клубот да биде исфрлен од англиската елита.

Некои од комерцијалните партнери на Манчестер сити во своите договори имаат клаузули кои би можеле да им овозможат повторно да ги преговараат условите доколку клубот биде исфрлен од Премиер лигата. Таквиот развој на настаните би можел дополнително да ги намали приходите на Сити.

Потенцијалниот проблем не би бил само во спонзорските договори. Доколку Манчестер сити биде санкциониран на начин што ќе му го оневозможи настапот во Лигата на шампионите, клубот би останал и без значителен дел од приходите од европските натпреварувања.

Сè уште нема конечна одлука за висината и видот на можната казна. Меѓу сценаријата кои се разгледуваат се одземање бодови, исфрлање во понизок ранг, но и други санкции.

Веста за развојот на случајот вчера предизвика големо внимание во Англија. Според информациите објавени од повеќе угледни британски медиуми, Манчестер сити е прогласен за виновен по 114 од вкупно 115 обвиненија поврзани со наводни прекршувања на финансиските правила.

Сепак, клубот и натаму ја задржува позицијата дека не е виновен и се очекува да поднесе жалба на одлуката.

Извор: sportmanija.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Не запира епидемијата на ебола во Конго, починаа речиси половина од заразените

Следно

​Reagim i Partisë Demokratike të Kosovës ndaj kronikës së RTK-së

Latest from Blog

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави,

Меџити: Продолжуваме со реализацијата на мастер-планот за урбан развој на Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со урбанистот и архитект од Турција, Бајрам Вардар, изврши теренски увид во реализацијата на проектите опфатени со мастер-планот за урбан развој на општината. При посетата
Go toTop