Сите политички сили во С Македонија да ги поддржат уставните измени, нови барања нема да има – порака од „Вајмарската тројка“

July 17, 2023
3 mins read

За „Вајмарската тројка“, 2030 година е реална цел за членство на Северна Македонија во ЕУ. Но, порачувааат – сега е моментот да се преземе одговорност

Не сме дојдени само да ги повториме условите, туку и да оддадеме признание за досегашните напори на Северна Македонија на патот кон Европската Унија, порача „Вајмарската тројка“ во Скопје составена од високи владини функционери на Франција, Германија и на Полска.

Сепак, сите од министерската тројка посочија дека продолжување на патот кон ЕУ за земјава е невозможно без уставните измени.

Германската министерка за Европа Ана Лирман порача сите политички сили да ги поддржат уставните измени за, како што рече, да се обезбеди попросперитетна иднина на земјава.

„Цврсто ги поттикнувам сите политички сили во Северна Македонија да ги поддржат уставните измени и да поддржат подобра и попросперитетна иднина на Северна Македонија и македонскиот народ – сè друго ќе биде штетно за амбициите за членство во ЕУ. Сега е моментот кога треба да се преземе политичка одговорност, сега е моментот да се дејствува, да се каже ‘дa’ на подобра иднина, на ЕУ… Договорот меѓу Северна Македонија и Европската Унија е фер и исправен, нема да има подобра спогодба, тоа е сигурно“,

кажа Лирман.

Прашана – како ќе ја разубедат ВМРО-ДПМНЕ која се противи на уставните измени, Лирман рече дека со нетрпение ја очекува средбатa и со опозицијата.

„Сите членови на опозиција ќе ги прашам каква е нивната идеја за иднината на земјава, дали навистина сакаат земјава да ја пропушти оваа уникатна можност да се приклучи кон оваа заедница на просперитет, на ЕУ, и јасно е дека возот на процесот на пристапување и проширување се движи многу бргу, а Северна Македонија не се движи со уставните измени и ќе го пропушти возот. Навистина знаеме колку беа посветени луѓето кон процесот на пристапување, така што, мојот аргумент е многу јасен. Јас сум многу посветена Европјанка и многу сум уверена дека Северна Македонија ќе стане посилна во ЕУ“,

посочи таа.

Државната секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Франција, Лоранс Бун, кажа дека сака што поскоро да ја види Северна Македонија во европското семејство, дека одлуката за напредок е во рацете на државата и дека сега е моментот да се направи исчекор поради, како што рече, импулсот за проширување. По уставните измени, нови барања нема да има, уверува Бун.

„Во оваа фаза сакам да кажам дека дискусијата околу Уставот нема да повлекува нови барања од Бугарија. Автоматски, Северна Македонија ќе се најде на патеката на пристапување потоа, нема никакви дополителни барања од ниту една друга земја, меѓутоа, има барање за ревизија на Уставот да се заврши тоа секако и потоа автоматски Северна Македонија ќе влезе во следната фаза на процесот на пристапување“,

рече Бун.

На новинарско прашање дали е свесна дека Франција со своите политики од 2019 година е директно виновна за незавидната позиција во која се наоѓа земјава, Бун одговори дека француското претседателство придонело за подобрување на состојбата.

„Не бара Франција ништо, туку Северна Македонија сака да се приклучи кон Унијата. Имаше Договор меѓу Северна Македонија и ЕУ и тоа всушност овозможи повторно да се отвори пратот за европската интеграција. И да ве потсетам дека бевте блокирани над 15 години. Исто така, се заштитуваат најчувствителните прашања околу националниот идентитет и веќе видовте дека сега сè е прифатено во врска со тоа. Беше потпишан договор за соработка со Фронтекс по години закоченост и македонскиот јазик ќе биде службен јазик во ЕУ. И ако сакате да упатите на методологијата, промените беа направени и осмислени токму за да се олесни и да се забрза пристапувањето и да се намали фрустрацијата на патот кон ЕУ“,

одговори Бун.

Полскиот министер за ЕУ Шимон Шинковски вел Сенк рече дека посетата е знак на заедничка поддршка на Германија, Франција и Полска за „пресудниот период“ на Северна Македонија.

„Пораката е едноставна – нашите три земји, Полска, Франција и Германија, сакаат активно да ја поддржат Северна Македонија на патот кон пристапувањето кон ЕУ и да ѝ посакаме добредојде. Знаеме колку може процесот да биде тегобен, но направивме многу за отворање на процесот на преговори за пристапување. Сега сè се наоѓа во рацете на македонската политичка елита, договорени се уставни измени што ќе ви овозможат да продолжите со следниот пресуден чекор кон членство во ЕУ. Секако, ова ќе биди сериозна одлука за Северна Македонија“,

порача Сенк.

За „Вајмарската тројка“, 2030 година е реална цел за членство на Северна Македонија во ЕУ. Тројцата министри попладнево се појавија на прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во улога на домаќин.

Ова е втора министерска тројка што за помалку од една недела доаѓа во Скопје.

Минатиот четврток, во „Славков“ или „Аустрелиц“ формат на средби во Северна Македонија беа министрите за надворешни работи на Австрија – Александар Шаленберг, Чешка – Јан Липавски и Словачка – Мирослав Влаховски. Тие испратија порака дека ако нема уставни измени на земјава ѝ се заканува да биде исфрлена од патот кон ЕУ.

ПОВЕЌЕ НА ОВАА ТЕМА:

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ДАДЕ ПЕТПАТИ ПОМАЛКУ ПАРИ ЗА НАГРАДАТА РОМАН НА ГОДИНАТА, ВЕЛИ СТИГНАА МНОГУ ПРИЈАВИ, А ИМАЛЕ НАМАЛЕН БУЏЕТ

Следно

(ВИДЕО) Драматично во Грција, беснеат пожари во Атика, поширокиот регион на Атина

Latest from Blog

ВЛЕН: Од нови амбулантни возила до инвестиции во образованието

ВЛЕН ги претстави како резултати од своето владеење одлуките и активностите во изминатата недела, меѓу кои решението за професионалните војници по навршувањето 45 години, набавката на нови амбулантни возила, поддршката за земјоделците

МАКРОН СО ЖЕСТОКИ ОБВИНУВАЊА ПО ХАОСОТ ВО ФРАНЦИЈА: Крајната левица сака да ја урне републиката

Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди „бунтовничките активности“ на крајнолевичарските групи, обвинувајќи ги дека се исклучително опасни и дека сакаат „да ја урнат републиката“, по немирите и грабежите што избувнаа минатата сабота

12,7 милиони денари промет на Македонската берза, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.836,60 поени. Во однос

Алфа го засилува тимот: Пристигнува Стојановска, Илковски се приклучува на „Колегиум“

Татјана Стојановска по 15 години во Канал 5 ја продолжува телевизиската кариера во ТВ Алфа. Речиси истовремено, нов ангажман во телевизијата објави и Јанко Илковски. Стојановска го потврди преминувањето за „Женски магазин“,

НОВИОТ НАЈОПАСЕН ЧОВЕК ВО ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА? Најупатените тврдат: „Вакво нешто не е видено уште од Берлускони“

Поранешниот генерал на падобранците Роберто Ваначи се прикажува на социјалните мрежи како римски легионер и возач на кочија. Тој изјави дека претпочита жени „без здолништа“, а објави и фотографија од државна секретарка
Go toTop