Сиси го обвини Израел дека ги задржува и одложува испораките на помош за Газа

January 24, 2024
1 min read

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси денеска го обвини Израел дека ја задржува и одложува испораката на помош преку граничниот премин Рафа до Појасот Газа со спроведување процедури кои го запираат сообраќајот.

„Ова е форма на притисок врз Појасот Газа и луѓето таму поради конфликтот и ослободувањето на заложниците. Тие го користат ова како алатка за да извршат притисок врз луѓето во енклавата“, рече египетскиот претседател на состанокот на воени и владини претставници.

„Порано испраќавме 600 камиони дневно во Газа. А, во последните два или три дена, не можеме да испратиме повеќе од 200 камиони дневно. Како живеат овие луѓе (во Газа)“, рече Ал Сиси.

Граничниот премин Рафа е отворен од египетската страна 24 часа секој ден во месецот, објасни египетскиот претседател.

Сепак, тој додаде дека процедурите што ги спроведува израелската страна за испраќање на помошта без да биде блокирана од никого се причина (за задржувањето).

Израелската воздушна и копнена офанзива во Газа започна откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври минатата година и предизвика тешка хуманитарна криза, оставајќи ги повеќето од 2,3 милиони жители на енклавата без домови, храна, вода, лекови и гориво.

Израел негираше дека го запрел снабдувањето на Газа преку преминот Рафа. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иранскиот претседател Раиси допатува во официјална посета на Туркије

Следно

ДИК: Двојните избори ќе чинат речиси 17 милиони евра, од кои 10,6 се за платено политичко рекламирање

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop