Сириската национална армија започна операција против терористичката група ПКК/ЈПГ

December 1, 2024
1 min read

АЛЕПО (АА) – Сириската национална армија (СНА) започна операција за спротивставување на планот на терористичката група ПКК/ЈПГ за воспоставување терористички коридор меѓу Тел Рифат и североисточна Сирија, соопштија безбедносни извори, известува Анадолу.

Тензиите повторно се појавија во северна Сирија откако антирежимските вооружени групи неодамна го освоија Алепо, вториот по големина град во земјата.

Како што опозициските сили ја започнаа својата операција кон Алепо, силите на сирискиот режим за кратко време изгубија контрола над значајни територии. Ова го поттикна режимот да побара поддршка од терористичката организација ПКК/ЈПГ во борбата против опозицијата, отворајќи ѝ пат на терористичката група да дојде до моќ.

Силите на сирискиот режим почнаа да им ги предаваат областите под нивна контрола на силите на ПКК/ЈПГ источно од Еуфрат. На крајот, голем број терористи на ПКК/ЈПГ и тешко вооружување се префрлени од источната страна на Еуфрат во Алепо.

Терористичката група ПКК/ЈПГ го сметаше предавањето на териториите од сирискиот режим како можност и се обиде да воспостави терористички коридор меѓу Тел Рифат и североисточна Сирија, но планот беше осуетен од силите СНА.

Забележувајќи ги маневрите на терористичката организација среде напредувањето кон Алепо, СНА ја започна операцијата „Зора на слободата“ и брзо излезе на терен.

СНА ги попречи напорите на ПКК/ЈПГ за воспоставување терористички коридор пресекувајќи ја рутата меѓу Рака и Алепо и блокирајќи ја врската меѓу Тел Рифат и североисточна Сирија.

– Ситуацијата во Тел Рифат

Терористите на ЈПГ/ПКК, со руска воздушна поддршка, ја презедоа контролата врз Тел Рифат и некои околни населби во февруари 2016 година.

Терористичката организација ПКК/ЈПГ расели речиси 250.000 цивили од Тел Рифаат и неговата околина, принудувајќи ги да бараат засолниште во областите во близина на турската граница.

Од Тел Рифат, терористичката група ЈПГ/ПКК започна напади врз населените места во регионите на операциите „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“, како и позициите што ги држат турските безбедносни сили задолжени за безбедноста на тоа подрачје.

Терористичката група ПКК/ЈПГ, која го окупираше округот Тел Рифат, соработуваше со режимот на Башар ал Асад и неговите поддржувачи за да ја одржи контролата врз тоа подрачје.

Додека антирежимските вооружени групи напредуваа кон центарот на Алепо, режимските сили се повлекоа од Тел Рифат.

ПКК е сепаратистичко-терористичка организација која е заведена како терористичка група во Туркије, Европската Унија и Соединетите Американски Држави. За време на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Просветниот инспекторат утре ќе го посети училиштето во Челопек, Јаневска најави утврдување на одговорност

Следно

Финансиска полиција истражува кои предмети се чувале во фиока

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop