Сирија ја осуди конференцијата на терористичката група СДС, се повлекува од планираните разговори во Париз

August 9, 2025
1 min read

ДАМАСК (АА) – Сириската влада донесе одлука да не присуствува на следната рунда разговори планирани во Париз, Франција, опишувајќи ја наводната конференција на североистокот од земјата организирана од терористичката организација ПКК/ЈПГ, која во Сирија го користи името СДС, како „спротивна на националното единство“ и „кршење на Договорот од 10 март“, известува Анадолу.

Владин претставник во разговор за сириската официјална новинска агенција САНА изјави дека нема да застанат на страната на „ниту еден сојуз што се стреми да ја оживее ерата на соборениот режим“ и нема да учествуваат во нови разговори со Сириските демократски сили (СДС).

Службеникот нагласи дека споменатата конференција го поткопала тековниот процес на преговори и дека СДС мора да заземе сериозен став според Договорот од 10 март.

Тој изјави дека Дамаск е „легитимна адреса“ за преговорите, додавајќи дека случувањата на североистокот од земјата не претставуваат национална волја што ја опфаќа цела Сирија.

Опишувајќи го сојузот на североисток како „кревко партнерство на оние што имаат загуба од победата на сирискиот народ“, владиниот претставник смета дека да се биде домаќин на сепаратистички личности е јасно кршење на Договорот од 10 март.

Тој наведе дека категорично го отфрлаат наметнувањето на каква било визија во врска за структурата на државата преку сила или оружје, нагласувајќи дека оваа структура може да се утврди само преку траен устав и народен референдум со учество на сите Сиријци.

Друг владин функционер кој претходно зборуваше за Агенција Анадолу (AA) изјави дека на маса се сите опции, вклучително и откажување на Преговорите во Париз.

Терористичката организација ПКК/ЈПГ, која го користи името СДС во Сирија, вчера одржа таканаречена конференција во покраината Хасаке, на која присуствуваа друзскиот лидер Хикмет ал-Хаџри од Сувејда, Газал Газа, претседател на Врховниот совет на Алавитите, и курдскиот „религиозен лидер“ Муршид Машук Хазневи, поддржувач на СДС, барајќи „децентрализирана“ држава.

На 10 март, сириското претседателство објави потпишување на договор за интегрирање на СДС во државните институции, потврдувајќи го територијалното единство на земјата и отфрлајќи ги сите обиди за поделба.

Сириското Министерство за надворешни работи објави дека следната рунда консултации „за целосно спроведување“ на договорот од 10 март ќе се одржи во Париз „што е можно поскоро“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведени возачи во делчевско и гостиварско, возеле под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената

Следно

Македонија по прва победа во претквалификациите за СК 2027

Latest from Blog

„Бед Блу Бојс“ и „Торцида“ се пресметаа на аеродромот во Загреб (ВИДЕО)

Ужасни сцени на ардордомот Фрањо Туџман во Загреб. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит на паркингот на објектот. Очигледно дека домаќините номинално, навивачите на Динамо, го планирале нападот,

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута. Шпанија вчера

Уличните кучиња го чинат градот 46 милиони денари, Лајка во рок од 6 месеци добива над 700 пријави за заловување

Речиси 46 милиони денари, односно околу 750 илјади евра, исплатиле градските власти во изминатата година, како оштета на граѓани каснати од бездомни кучиња. Само до 24 јуни годинава, јавното претпријатие Лајка, кое

„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија

Најновите податоци на Државниот завод за статистика се уште едно сериозно предупредување дека македонското рударство не смее повеќе да биде оставено на маргините на економскиот развој. Додека вкупното индустриско производство во јуни

Претседателот на Баерн со критика другите тимови од Бундеслигата

ФОТО: FC Bayern Munich/fb Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, ги критикуваше клубовите од Бундеслигата дека не прават доволно за да ја промовираат лигата во странство преку странски турнеи. 72-годишникот зборуваше на
Go toTop