Сирија: Израелските планови за дестабилизација на регионот се попречени од напорите на државата и медијаторите

July 17, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара денес изјави дека плановите на Израел да ја поткопа стабилноста на регионот биле осуетени од интервенцијата на надворешните посредници и од напорите на државата, јавува Анадолу.

Во телевизиското обраќање Ал-Шара рече дека и покрај израелските интервенции насочени кон цивилните и јавните институции, „државните напори за враќање на стабилноста и протерување на одметнатите фракции се успешни“.

Ова немаше да се случи „без ефикасната интервенција на американското, арапското и турското посредништво, кое го спаси регионот од непозната судбина“, додаде тој.

Израелската армија вчера започна да извршува воздушни напади врз главниот град Дамаск, како и врз Сувејда и Дара, под изговор за заштита на заедницата Друзи.

Министерството за внатрешни работи на Сирија соопшти дека во нападите загинале повеќе од 30 лица, а повредени се речиси 100.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трагедија во Охрид – почина 16-годишен мопедист

Следно

Игри на среќа без правила: Со новиот предлог-закон на удар се 10.000 македонски граѓани и нивните семејства

Latest from Blog

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот на плажите

Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, средства кои, според локалната самоуправа, одиграле клучна улога во
Go toTop