Сирените за напад се огласија во Ерусалим, се слушаат детонации во воздух

April 13, 2024
1 min read

ИДФ соопшти дека идентификувала повеќе од 100 беспилотни летала кои се упатуваат кон Израел. Се слушаат и повеќе детонации во воздухот, но не и на земјата.

Како што претходно пренесе Тајмс оф Израел, дел од дроновите биле соборени од САД и Велика Британија.

Иако Бајден вчера го предупреди Иран да не се одмаздува тоа не го спречи Итран да ги лансира дроновите.

– Ние сме посветени на одбраната на Израел и ќе го поддржиме. Ќе помогнеме во одбраната на Израел и Иран нема да успее, рече вчера Бајден.

Се уште не се знае дали ова е само еден напад или ќе уследат серија на напади. Според Си Ен Ен, се слушнале неколку експлозии во воздухот на неколку километри од Ерусалим.

„Продолжуваме да гледаме повеќекратни пресретнувања на небото од повеќе различни правци. Тешко е да се каже што е проектил кој доаѓа, а што пресретнува. Слушам повеќекратни, повеќекратни детонации, повторно звучи како пресретнување. Не слушам звук на удари во земја, само свтлина на небото за кои мислам дека се пресретнувањата на дроновите. Се слушаат и звуци од авиони пресретнувачи кои најверојатно се од израелската армија. Знаеме дека авионите на САД и Велика Британика се активно вклучени во пресретнувањето на дроновите.“ – изјави Ник Робертсон од Си-Ен-Ен.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иран лансирал дронови кон Израел

Следно

Повредено десетгодишно момче од шрапнел од проектил пресретнувач

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop