Синдикатот на полицијата во Македонија поднесе кривична пријава против МВР и одговорни лица

November 2, 2023
1 min read

реклама


Денес Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ до ОЈОГОКК поднесе кривична пријава против помошник на министер во оддел за општи и заеднички работи, началник на сектор за набавки, менаџмент и логистика, началник на одделение за јавни набавки и примена на стандарди во МВР, други одговорни лица во Министерството за внатрешни работи и против правно лице „Министерство за внатрешни работи“ заради основано сомнение дека пријавените сите заедно како одговорни лица сториле кривично дело „Повреда на правото од социјално осигурување“ по член 167 ст.1 и став 2 од КЗ и/или други кривични дела кои се гонат по службена должност.

„Пријавените во временскиот период од 24.08.2022 година до денес, свесно не се придржувале кон Закон за инвалидско и друг вид на осигурување и со тоа повредиле и одзеле право на работниците, односно на вработените во МВР, што им припаѓа, на начин што постапиле спротивно на член 156 од Законот за внатрешни работи и свесно и намерно не презеле соодветни мерки, анализи и други активности на долгорочен план и не ги осигури работниците во Министерството за случај на смрт, телесно оштетување, или губење на работната способност, со што постои основано сомнение дека пријавените сториле кривично дело “Повреда на правото од социјално осигурување“ по член 167 ст.1 и став 2 од КЗ.

реклама

Пријавените кои имаат својство на службени лица, односно како лица кои се одговорни во пријавеното правно лице, во делот на водење постапки за осигурување на работниците за случај на смрт, телесно оштетување или губење на работната способност, навремено не презеле соодветни мерки и активности со цел да ги осигураат работниците на МВР, поради што во временскиот период од 24.08.2022 година до денес, работниците во МВР останале без правото од задолжително осигурување во случај на смрт, инвалидитет, телесно оштетување и друго а со тоа на работниците кои имаат право на ова осигурување предизвикале материјална штета. Враќање на ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ на вработените во МВР! ЗА РЕД, ПРАВДА И ДИСЦИПЛИНА ВО МВР!“, велат од таму.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија: Идеолошките дејствија на Франција доведуваат до дестабилизација на ситуацијата во некои земји

Следно

,,Шеќерни луѓе“ на режисерката Сузана Диневски селектиран на десет меѓународни филмски фестивали

Latest from Blog

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за
Go toTop