Синдикатот на полицијата бара зголемување на платата за 15 проценти

January 9, 2024
1 min read

Синдикатот на полиција бара зголемување на платите за 15 проценти почнувајќи од јануари. Претседателот на Синдикатот Орце Коцевски денеска во изјава за медиумите рече дека основната плата на полицаец во моментот е 16.332 денари.

– Зголемувањето на платите за 15 проценти почнувајќи од јануари 2024 година да биде од буџетот на Министерството за внатрешни работи за што сметаме дека МВР е способно да ги покачи платите од својот буџет односно пари за повисоки плати во овој момент има, рече Коцевски, додавајќи дека не се откажуваат ниту од барањето едно евро, еден бод.

На прашањето кој ќе биде следниот чекор на Синдикатот доколку не се исполни ова нивно барање, Коцевски изрази надеж дека министерот за внатрешни работи ќе го сфати барањето и почнувајќи од овој месец ќе ја зголеми платата минимум за 15 проценти, но доколку тоа не се случи, не е исклучено организирање на протест.  

На новинарско прашање дали е нарушена безбедноста на полициските службеници кои, како што беше кажано, се плашат на терен да употребат пендрек во самоодбрана, Коцевски рече дека Внатрешната контрола на МВР честопати неосновано суспендира полициски службеници и со тоа се губи довербата кај нив. Решението за овој проблем, според Коцевски, е целосна реорганизација на МВР и враќање на професионализамот во полицијата.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркиш ерлајнс минатата година имаше најголем број патници на сите времиња

Следно

Вевчански карневал од 12 до 14 јануари, функционерите и политичарите што правеле негативни работи ќе може да се видат

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop