Синдикатот на Филхармонијата: Партиските договори стануваат главен критериум за раководни позиции

March 26, 2025
1 min read

Синдикатот на Македонската филхармонија изрази незадоволство од одлуката на министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој го назначи Мустафа Имери за нов директор. Според нив, оваа одлука претставува уште еден пример за непочитување на законските процедури и продолжување на нетранспарентните практики при именувањето на раководни лица. Тие тврдат дека партиските договори се единствениот критериум при изборот, наместо стручноста и компетенциите.

Синдикатот нагласува дека министерот Љутков донел политичка, а не правно основана одлука, бидејќи Имери, според нив, не ги исполнува сите конкурсни услови. Вработените најавуваат дека ќе побараат правна одговорност за министерот, тврдејќи дека со ова именување продолжуваат старите, незаконски практики.

Во својата реакција, синдикатот истакнува дека нивната заложба е избор на директор врз основа на транспарентност и компетентност, независно од етничката припадност. Тие ги осудуваат сите националистички коментари во јавноста, нагласувајќи дека стручноста мора да биде единствениот критериум при ваквите именувања.

Според конкурсот, директорот на Филхармонија треба да има најмалку пет години работно искуство во културата, да биде истакнат културен работник со докажани референци, да приложи четиригодишна развојна програма и да поседува меѓународен сертификат за англиски јазик (B2).

Според достапните информации, тој бил професор-тенор и 15 години раководител на Катедрата на албански јазик во средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“. Завршил на ФМУ во Скопје, и е дипломиран соло-пејач. Во јавноста е познат кога лани, во февруари, на прес-конференција обвини дека бил разрешен бидејќи објавил фотографија со лидерот на Демократско движење Изет Меџити. 

– Мустафа Имери не ги исполнува условите и неговото именување е незаконско. Ќе организираме протести сè додека оваа одлука не биде повлечена. Оваа власт продолжува да не ги почитува законите и системот – порачаа од Синдикатот.

И покрај актуелните случувања, тие ја информираа јавноста дека хуманитарниот концерт „Без зборови“, кој е закажан за утре, ќе се одржи како што е планирано, со цел да се соберат средства за жртвите од трагедијата во Кочани.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанскиот претседател Бегај во официјална посета на Австрија

Следно

Изложба на Јана Иванова по повод 2 Април, Светскиот ден на свесноста за аутизмот

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop