Изложба на Јана Иванова по повод 2 Април, Светскиот ден на свесноста за аутизмот

March 26, 2025
1 min read

По повод 2 Април, Светскиот ден на свесноста за аутизмот, во Младинскиот центар „Матично”, ќе биде отворена изложба на цртежи на Јана Иванова, ученичка во IV oдделение при ООУ. „Димитар Миладинов” oд Скопје.

Изложбата ќе биде отворена до 30 април, а може де биде посетена секој работен ден од 10 до 16 часот. Нејзиното отварање ќе биде на 2 април во 12 часот.

Помагатели на овој настан се Општина Центар, Комерцијална банка АД Скопје, Еурофарм -Битола, Стокомак и Авицена – дијагностика.

„Се разбира, најповеќе како нејзин родител, сметам дека таков настан ги истакнува воошшто уметничките тежнеења на децата во нашата земја. а конкретно, ја подигнува свеста за важноста на инклузијата и поддршка на лицата со спектар на аутизам.

Со помош на поддршката на семејството, мојата Јана сака преку цртачката дарба да докаже дека, и таа припаѓа на сите што ја опкружуваат и, на свој начин, сака да пренесе порака за емпатија и прифаќање на таквите деца во нашето општество. На нејзинате цртежи таа засега ги прикажува ликовите на нејзините херои, фигурите кои ги гледа во цртаните филмови, во долгометражните филмови или книгите и кои, ги чувствува како нејзини пријатели. Затоа, се оддлучивме ова нејзино прво ликовно претставување пред широката публика да ја наречеме токму „Моите херои” – изјави нејзината мајка Теа Иванова-Теохаревска, воедно и кураторот на изложбата.

„Taлентот на мојата внука го уочив поодамна. Иако е млад репродуктивен уметник во вистинската смисла на зборот, во одредени нејзини цртежи се забележува вметнување на формата на срцето. Јана знае очигледно што значи љубов и, радосен сум што го прави тоа, наспроти мислењето дека децата со аутизам не знаат за одредени чувства… Нејзините ликови се популарните ликови на децата на нејзината возраст и не само тие, јас сум цврсто убеден дека, со текот на времето, нејзиното интересирање ќе го надмине тој свет и дека можеби на пример, пленеризмот ќе биде нејзина преокупација. Потегот на раката ѝ e извонреден, фигурите се нацртани непрекинато, во еден здив, без корекции…Затоа можеби во таа брзина го занемарува боењето но, со време, откривањето на нови техники ќе го надополни и тоа” – вели Јане Теохаревски, комесарот на изложбата.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Синдикатот на Филхармонијата: Партиските договори стануваат главен критериум за раководни позиции

Следно

СДСМ: Дали УЈП го игнорирала законот и овозможила нелегално работење на клубот „Пулс“?

Latest from Blog

Лесно е кога Елмас ќе даде гол, Аталанта убедливо победи, фаворитите немаа проблеми

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна најбрзиот гол во изминативе три дена во трите натпреварувања на УЕФА. Елмас погоди за водство на Аталанта во Бергамо кога по само 46 секунди даде гол

Хутите ѝ се закануваат на светската економија- зошто западните земји не ѝ понагаат на Саудиска Арабија?

Исто така, го поставува прашањето зошто Западот не прави повеќе за да ги поддржи своите саудиски сојузници, објави британски Телеграф во авторски коментар. Нападите на Хутите се закануваат да предизвикаат уште поголеми

Трамп испраќа војска во Панама

САД испраќаат неколку стотици војници во Латинска Америка за обука на локалните сили и спроведување заеднички вежби, додека Пентагон ја проширува својата кампања против трговците со дрога во регионот, објави „Њујорк тајмс“,

Гаштаров асистираше за гол но Црвена ѕвезда прокоцка водство и загуби кај Лугано на Алиоски (Видео)

Новопечениот македонски репрезентативец, тинејџерот Матеј Гаштаров одигра одличен меч, но неговата Црвена ѕвезда загуби на гостувањето кај Лугано, во првото коло од Конферекциската лига на УЕФА. Лугано водеше со 1:0, потоа гостите

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и
Go toTop