Синдикатите и Владата постигнаа договор: Платите на вработените во јавниот сектор од септември ќе се зголемат за 10 отсто, ќе има исплата и на К-15

July 10, 2023
1 min read

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска по средбата на Економско-социјалниот совет изјави дека е постигнат договор за потпишување на општиот колективен договор и за сите оние спорни прашања кои со месеци се разговараат со претставниците на синдикатите

Синдикатите и Владата денеска постигнаа договор за зголемувањето на платите и за методологијата за раст на платите во јавниот сектор. Платите во јавниот сектор од 1 септември ќе бидат зголемени за 10 отсто, а вработените ќе добијат и К-15 во висина од 10 000 денари.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска по средбата на Економско-социјалниот совет изјави дека е постигнат договор за потпишување на општиот колективен договор и за сите оние спорни прашања кои со месеци се разговараат со претставниците на синдикатите.

„Договоривме дека новата методологија за пресметка на плати за вработените во јавниот сектор која ќе се пресметува согласно просечната плата и коефициентите, ќе започне од март 2025 година. Со септемвриската плата во 2023 година ќе биде покачувањето од 10 проценти на платите во јавниот сектор, К-15 ќе се исплати до крајот на декември 2023 година во висина од 10 000 денари, а во општиот колективен договор ќе стои одредба за исплатата на К-15 од 2024 година да биде најмалку 30 проценти од висината на просечната плата во изминатата година“,

изјави Тренчевска по средбата.

За сето ова да се реализира, како што посочи министерот за финансии Фатмир Бесими, ќе се прави ребаланс на буџетот во септември, но колку пари ќе бидат потребни, не откри, а исто така не откри ни од кои ставки ќе се крати.

„Постигнато е системско и одржливо решение за пораст на платите за вработените во јавниот сектор. Предлогот, кој заеднички го утврдивме со претставници на синдикатите, ќе биде доставен до Економско-социјалниот совет, кој на седница, која ќе се одржи наредните денови, треба да се потврди. Тоа претставува системско решение кое обезбедува раст на платите на сите вработени во јавниот сектор од 10 проценти почнувајќи со платата за септември 2023 година“,

истакна Бесими.

Дијалогот за раст на платите се води во рамки на Економско-социјалниот совет, каде што во изминатиот период на дневен ред беше потпишувањето Општ колективен договор за сите вработени во јавниот сектор, со цел да се воспостави системско решение кое ќе важи за сите подеднакво.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Северна Кореја ги обвини САД дека испраќаат шпионски авиони во нивниот „неприкосновен воздушен простор“

Следно

(ВИДЕО) Бајден на чај кај Сунак: Односите ни се цврсти како карпа

Latest from Blog

„Одисеја“ го надмина „Опенхајмер“- новиот филм на Нолан урива рекорди уште со трејлерот (ВИДЕО)

Оваа бројка не само што го покажува огромниот интерес на публиката, туку поставува и нови стандарди во промоцијата на филмските наслови. Успех што го засени Опенхајмер Интересно е што трејлерот за „Одисеја“

Божиќната фотографија на Меланија и Доналд Трамп предизвика дебата на мрежите: Честитката е „студена“

Претседателот на САД и првата дама стојат држејќи се за раце во Белата куќа, зад нив прекрасна елка и украси што светкаат. И двајцата се врамени со американското и претседателското знаме. Сè

Најмалку десет мртви, повеќе од 20 повредени во експлозија во џамија во Нигерија

Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни
Go toTop