Симов: Криптовалутите во Македонија се непознати, нема закон кој ги забранува, но ни закон кој ги третира!

January 22, 2025
1 min read

Вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 со универзитетскиот професор Орце Симов дебатираме на тема криптовалути.

Го прашавме за тоа колку се легални инвестициите со криптовалути.

Тој вели дека тие во Македонија во моментов се непознати.

„Законски во Македонија не се препознаваат како некакво финансиско средство. Во Македонија нема закон кој што ги третира и забранува криптовалутите, но немаме ни закон кој што вика дека може да се работи со нив. Во законска рамка, криптовалутите во Македонија се непознати, како терминологија. Бидејќи не е забрането, некои сметаат дека може да се работи“, вели Симов.

Според него, ние мора да бидеме поотворени и повеќе да ги третираме за да се овозможи бенефит и за граѓаните и за стопанството.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Власта молчи за бегалецот Груби, го проголта ли „црна земја“

Следно

Стаменкоска Трајкоска одликувана со орден „Витез од редот на академски палми”

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop