Симоновски во Аргумент плус: За настани со голем број на посетители потребно е да се извести и полицијата но и пожарната

March 17, 2025
1 min read

Заменик командирот на противпожарната единица на Град Скопје, Владимир Симоновски во Аргумент плус рече дека несоодветните материјали од кои бил изграден кровот на дискотеката „Пулс“ во Кочани и тешкиот пристап на објектот придонеле да имаме ваква трагедија. Тој објасни и дека за такви настани со голем број на посетители потребно е да се извести и полицијата и противпожарната единица.

„Кровот има дрвена конструкција и како што имам информации дека бил реновиран лани и додадени биле парчиња сунѓери и платно. Тоа се лесно запаливи материи и бргу се шират и предизвикуваат голем чад. Тоа не се стандардни услови за работа на дискотека по закон. Употребата на пиротехниката треба да е минимум 3 метри до кровот. Висината на кровот не била соодветна. Пожарот бргу се ширел за 3 до 5 мин бил зафатен цел кров“, рече Симоновски.

Според него, организаторот на настанот требало да ги извести и МВР и противпожарните единици дека ќе има настан со повеќе гости.

„Пристапот на самиот терен каде што се наоѓа објектот бил тежок бидејќи таму имало 500 луѓе внатре и голем број на автомобили надвор. Кога дошле до самото место можете да замислите дека имало само еден влез од кој луѓето излегувале и требало да влезат пожарникарите. На вакви настани треба да бидат известени и полицијата и пожарната дека ќе има настан со повеќе луѓе. Ние во Град Скопје сме практикувале за поголеми настани, дали за натпревари, дали концери дали настани од амбасади, секогаш има барање. Овде каде што знаете според органзаицијата дека ќе има употреба на пиротехника, знаете дека можноста да има пожар е поголема. Сопственикот или компанијата требала да си поденсе елаборат за еваукација и да изготви проценка за ризик од пожари и несакни ситуации“, додаде Симоновски.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Папазов на сослушување пред обвинител во ОЈО Кочани

Следно

Уште 12 повредени од Македонија префрлени на лекување во Србија, тројца во Грција и двајца во Австрија

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства

Лидерот од Тему: „Што направи нашата влада, намали само ДДВ на горивата?“ „Вашата“ ни тоа него стори…

Нов ден, нова демагогија од СДС. Овојпат во директна изведба на нивниот лидер од Тему. Виа Муртино. Многу веројатно, тој пак ја менуваше Богданка и само го прочита напишаното од Башановиќ. Или
Go toTop