Симон Бајлс и Арманд Дуплантис прогласени за најдобри спортисти на светот

January 1, 2025
1 min read

Гимнастичарката Симоне Бајлс и атлетичарот Арманд Дуплантис се најдобри спортисти за 2024 година, по избор на Меѓународната асоцијација на спортски новинари (AIPS).

Американката и Швеѓанецот постигнаа убедливи победи во гласањето на 518 новинари од 111 земји.

Бајлс имаше двојно повеќе бодови од второпласираната шпанска фудбалерка Аитана Бонмати, додека Дуплантис собра 235 бодови повеќе од Новак Ѓоковиќ кој го освои второто место во овој избор.

Билес освои три златни медали и еден сребрен медал на Олимписките игри во Париз, додека Дуплантис доминираше во скок со стап. Во главниот град на Франција го освои златниот медал со нов светски рекорд.

Во женска категорија третото и четвртото место го зазедоа атлетичаркитее Жулиен Алфред од Света Лусија и Холанѓанката Сифан Хасан, додека во машката трет беше словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар, а четврти францускиот пливач Леон Маршан.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарија и Романија пристапија во Шенген зоната

Следно

Десетици илјади луѓе се собраа во Истанбул на 1. јануари во знак на поддршка за Палестина

Latest from Blog

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава
Go toTop