Силното невреме и поплавите во Шпанија усмртија едно лице, а две се водат за исчезнати

September 4, 2023
1 min read

МАДРИД (АА) – Најмалку едно лице загина, а две се водат за исчезнати по поплавите предизвикани од обилните дождови што беснеат изминатите два дена во Централна и Јужна Шпанија, пренесува Анадолу.

Емилијано Гарсија Пејџ, шеф на автономната Влада на Кастиља-Ла Манча, соопшти дека силните дождови предизвикале сериозна штета во квартот Казарубиос дел Монте во градот Толедо. Тој ја потврди смртта на едно лице што било заробено во автомобил.

Во квартот Алдеа дел Фресно, во главниот град Мадрид, пријавено е исчезнување на две лица. Имено, возилото во кое се наоѓале лицата паднало во реката Алберче.

Во градот Куенка е спасено лице што поради поплавата останало заробено во својот дом. Затворени се голем број патишта, а дојде и до уривање на мостови. Откажани се и линиите на некои брзи возови.

Поплавени се многу домови и деловни објекти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пожарот во североисточниот дел на Грција постепено се намалува, ангажирани се повеќе од 700 пожарникари

Следно

Рамос се врати во Севиља

Latest from Blog

Божиновска: Нови инвестиции и преквалификација за праведна енергетска транзиција

Енергетската транзиција треба да обезбеди почиста енергија и сигурно снабдување, истовремено водејќи сметка за потребите на стопанството и можностите на домаќинствата, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на

Проданоски: Капиталните проекти ја менуваат сликата на Прилеп, продолжуваме со нови инвестиции

Околу 168 милиони денари од општинскиот буџет се обезбедени за рехабилитација на улици во градското подрачје и населените места во Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски во прегледот на реализираните, тековните и планираните

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка: Првите сервери веќе пристигнаа во дата-центарот

Оне Македонија и Неотел воспоставија стратешка соработка во рамките на развојот на новата телекомуникациска инфраструктура за третиот мобилен оператор во земјата. Партнерството претставува значаен чекор напред, во реализацијата на проектот и ја

Коњановски: Година на работа и резултати – 180 проекти за развој на Битола

Вкупно 180 проекти во различни фази, над 10 километри обновена и новоизградена патна инфраструктура и вложувања во училишта, градинки и спортски објекти го одбележале изминатиот едногодишен период во Битола. Ова го истакна

Николоски: Од 1 мај директни летови Скопје–Тиват, двапати неделно

Македонија и Црна Гора ја продлабочуваат соработката, а првиот конкретен резултат од договорените активности е воспоставувањето директна авионска линија меѓу Скопје и Тиват, која ќе започне да оперира од 1 мај следната
Go toTop