Силни емоции и воодушевување: Успешна премиера на „Замисли нов свет” според текстови на Горан Стефановски

December 18, 2024
2 mins read

„Замисли нов свет“  е претстава која треба да се види и доживее!  Премиерната изведба одлична, со фантастични ликови, и длабоки и суштински дијалози кои сите не засегаат. Еден и пол час театарска претстава исполнета со емоции, себе преиспитување, потсетување на она што сме, но и што можеме да бидеме.

Миграциите, недоразбирањата – особено меѓу генерациите, љубовта и загубата, распадот на вредностите го сочинуваат тематскиот опсег на претставата „ Замисли нов свет“. Работена според сцени од 7 култни текстови на Горан Стефановски, претставата беше поздравена од публиката со голем и долготраен аплауз. Сите актери, Верица Недеска, Дамјан Цветановски, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ, Нина Деан, Ана Јовановска, Стефан Спасов и Антонио Ташковски кои срдечно ја отпоздравија, па од јануари 2025 година публиката ќе има можност да ја гледа на редовен репертоар.

Огромно браво за идејата на Saatchi&Saatchi Скопје, и за Телеком кој овозможи реализација на ваков значаен театарски и културен проект, и услови за многу млади уметници да ја покажат својата креативност и да ги пренесат своите пораки на публиката.

Македонската публика копнее за квалитетна домашна култура и уметност, но и знае да ја испочитува кога таа ќе се појави.

Пораката која овде се испрати е дека уметноста, театарските претстави и културата кога би биле почесто дел од нашите секојдневни разговори и размислувањата, тогаш сигурно ќе имаме и посветол, пооптимистички поглед на светот што не опкружува. Приказните кои ги раскажува и обработува театарот не само што нѐ тераат да размислиме за работите и да го отвориме умот, туку и ни дава можност да научиме нешто преку ситуации и ликови кои не се НИЕ, но сепак нѐ претставуваат сите НАС.

Токму од таа перспектива се гледаат работите и во новата претстава „Замисли нов свет“, проект на Телеком во копродукција со МНТ, во режија на Нела Витошевиќ, а инспирирана од делата и размислувањата на Горан Стефановски. Претставата е всушност колаж од делата на нашиот најпознат драмски автор и преку низа на уникатни ликови и ситуации зборува за она за кое и самиот Стефановски беше заинтересиран целиот негов живот: за луѓето и нивните карактери, за општеството и за сите начини на кои можеме да го направиме светот околу нас подобро место за живеење. Уживањето беше поттикнато и од постмодернистичкиот пристап на самата претстава, а како врзивно ткиво се користи музиката на Огнен Анастасовски

„Замисли нов свет“ е претстава за надежта и за човековиот дух кој низ разни генерации и состојби ќе успее да најде начин да се бори со сите проблеми кои ги задава животот.

Целиот склоп на текстот е приказна за заедништво што ни покажува дека сите можеме да учиме едни од други и да си го најдеме своето место во општеството. 

“Замисли нов свет” е претстава која создава чувство на поврзаност со сета своја магија на сцената, од музичката изведба, визуелните ефекти, докажа дека културата може да биде препознаена а театарот е моќен медиум што може да влијае и да ги менува на подобро работите во едно општество. Со вакви проекти се вреднува интелектуалниот труд – нешто што е нормално кога се занимавате со уметност во други развиени земји” – изјави драматургот Ана Ристоска–Трпеноска.

За да направи место за нова култура и нова уметност, Телеком го иницираше проектот „Замисли нов свет“ за да нѐ поттикне сите нас да размислуваме на добрите работи и конекции што можат да се случат ако се согласиме да ги надминеме разликите и помислиме на големиот број работи кои нѐ поврзуваат.

Претставата е доказ дека уметноста е и треба да биде движечка сила за општествена трансформација. Тоа значи вистинска инспирација за многумина, и сегашни и идни генерации.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Новиот моментум за стратешкото партнерство меѓу Европската Унија и Западен Балкан-тема на денешниот Самит

Следно

Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски на ЕУ Самитот на Западен Балкан во Брисел 

Latest from Blog

Премиерот Мицкоски на Самит на Европската народна партија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски престојува во дводневна работна посета на Брисел каде што ќе има средби со потпретседателката на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна

ДУИ: Африм Гаши портпарол на Мицкоски и симбол на потчинетоста 

Африм Гаши, избран од Христијан Мицкоски како негов „омилен“ меѓу Албанците за претседател на Собранието, уште еднаш ја покажа својата неспособност и потчинетост, велат од ДУИ. „Наместо да ја извршува функцијата како

45 години Пекабеско се одбележуваат со донација на медицинска опрема за Детската клиника

Македонскиот бренд Пекабеско годинава слави значаен јубилеј – 45 години од своето основање. Компанијата која преку успешна работа, препознатлив квалитет, инвестиции и иновации во производството, но и вистинска грижа за заедницата уште

Јорданов: Во интерес на граѓаните е секогаш потребно да имаме контролен механизам за она што го испорачуваме

Во вчерашното гостување во емисијата „Анализа 24“ на телевизија 24, градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се осврна на механизмот за отповикување на градоначалник. Јорданов потенцираше дека иако
Go toTop