Силата на жените во енергетиката – Божиновска разговараше со Дуковска и Дисоска

October 6, 2025
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска се сретна со Ана Дуковска, претседателка и ко-основачка на здружението „Јас сум Жена“, и со Валентина Дисоска, претседателка на Асоцијацијата на бизнис жени.

Средбата беше посветена на иницијативи за поголема застапеност на жените во енергетиката и во бизнис секторот, со фокус на градење професионални мрежи, менторство и видливост на женските лидерски потенцијали.

„Во Министерството ја поддржуваме секоја иницијатива која им дава простор и глас на жените во енергетиката. Овој сектор бара визија, знаење и храброст – а токму тоа жените го имаат. Време е нивната експертиза и лидерски потенцијал да бидат видливи и во енергетиката. Ние не бараме квоти, туку квалитет“, изјави Божиновска.

 

Дисоска додаде дека активната поддршка од институциите е клучна за овозможување на жените да се искачат на позиции на одлука, додека Дуковска порача дека здружувањето и соработката меѓу жените е клуч за создавање поколение лидери кои ќе дејствуваат, а не ќе прашуваат дали можат.

Средбата заврши со договор за натамошна соработка во рамки на конкретни програми и настани, со цел да се зголеми улогата и видливоста на жените во енергетиката, иновациите и бизнис заедницата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Бугарија под притисок: ПССЕ бара спроведување на пресудите за Македонците

Следно

Азири го критикува Османи: Наместо болница, граѓаните добија корупциски скандал

Latest from Blog

Расте цената на нафтата

Цените на нафтата се искачија над 65 долари во понеделник на меѓународните пазари, бидејќи големите производители го продолжија периодот на постепена нормализација на понудата речиси до крајот на годината. На лондонскиот пазар,

Сајкоски: Долнени ќе биде во фокусот на интерес на нашата Влада

Генералениот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајковски присуствуваше на народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Долнени. -Денес тука се собравме во оваа ваша општина, за

Азири го критикува Османи: Наместо болница, граѓаните добија корупциски скандал

Портпаролот на Локалниот штаб на Вреди во Чаир, Сабри Азири, на денешната прес-конференција пред гинеколошката болница „Мајка Тереза“ остро го обвини поранешниот министер и кандидат Бујар Османи за корупциски скандал во вредност

Бугарија под притисок: ПССЕ бара спроведување на пресудите за Македонците

Во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) сѐ погласни повиците до Софија да ги спроведе пресудите Повеќе пратеници по иницијатива на македонските претставници Марија Петрушевска, Бисера Костадиновска-Стојчевска, Беким Ќоку, поддржани од
Go toTop