Азири го критикува Османи: Наместо болница, граѓаните добија корупциски скандал

October 6, 2025
1 min read

Портпаролот на Локалниот штаб на Вреди во Чаир, Сабри Азири, на денешната прес-конференција пред гинеколошката болница „Мајка Тереза“ остро го обвини поранешниот министер и кандидат Бујар Османи за корупциски скандал во вредност над 21 милион денари.

Според Азири, проектот за реконструкција на болницата наместо да донесе подобри здравствени услуги за граѓаните на Чаир, се претворил во симбол на злоупотреби. „Наместо чаирани да добијат современа гинеколошка болница, тие добија уште еден симбол на корупцијата“, истакна тој.

Азири додаде дека во кариерата на Османи, која трае повеќе од десет години, резултатите за Чаир се речиси непостоечки. „Бугар Османи на државни функции поминал 3.672 дена – но ниту еден ден посветен на Чаир“, посочи Азири, додавајќи дека освен службени средби со странски делегации, чаирани добиле само празни ветувања.

 

Портпаролот постави дилема дали Османи некогаш делувал во интерес на граѓаните без лична корист. „Само од овој проект логично се наметнува прашањето – дали Османи прави било што без личен ќар за себе или за најблиските?“

Азири заврши со порака до жителите на Чаир: „На 19 октомври, Бујар Османи ќе биде пациентот на гласачите, кои масовно ќе му ја отворат излезната врата од политиката.“

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Силата на жените во енергетиката – Божиновска разговараше со Дуковска и Дисоска

Следно

Сајкоски: Долнени ќе биде во фокусот на интерес на нашата Влада

Latest from Blog

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,
Go toTop