Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечено одбележување на Водици во Охрид и во Струга

January 19, 2025
1 min read

Претседателката Сиљановска-Давкова присуствуваше на свечената манифестација по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици во Охрид, каде поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г. г. Стефан ги освети водите на Охридското Езеро положувајќи го светиот крст во нив.

Поттикнати од длабоката вера во божествениот благослов на осветените води, од вековната традиција која го симболизира крштевањето на Исус Христос и од желбата за духовна обнова, стотици верници учествуваа во светиот чин, славејќи ги заедништвото и љубовта како темел на нашето духовно богатство.

Претседателката, на најсреќниот меѓу верниците, Мартин Гоџо, кој успеа да го фати светиот крст, му подари уметнички изработена резба. Таа му посака добро здравје, лична среќа и духовна исполнетост, истакнувајќи дека неговото постигнување го облагородува духот на храброст, надеж и посветеност, кои го красат овој возвишен празник.

Продолжувајќи со чествување на празникот Богојавление – Водици, претседателката во Струга присуствуваше на црковната церемонија на осветување на водите и положувањето на светиот крст во реката Црн Дрим – свет чин, што го изврши неговото Блаженство г. г. Стефан. На Томче Голабоски, најсреќниот меѓу верниците кои влегоа во осветените води на реката, таа му подари рачно изработена резба, посакувајќи му живот исполнет со здравје, радост и благосостојба и истакнувајќи дека овој празник ја слави обновата на духот, заедништвото и вечната сила на вербата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Масџид ал-Харам – Светата џамија, епицентар на исламскиот свет

Следно

Мала ама најзагадена земја во Европа

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки
Go toTop