Сиљановска Давкова прими претставници на Унијата на Здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија

October 2, 2024
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими претставници на Унијата на Здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија, предводена од здружението ЗМСТАС „ЗА НАС“, а во пресрет на одржувањето на 3. Меѓународен конгрес на Унијата.

На средбата, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана со генералните заложби на Унијата на Здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија, воспоставените соработки и учества на меѓународни конгреси и симпозиуми. Претставниците на Унијата информираа и за тековните активности во контекст на изготвувањето на предлог законот за уредување на сестринската професија, за унапредување на работата и подобрување на образовниот процес.

Изразувајќи почит кон нивната благородна професија, претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи нејзината поддршка за континуираниот ангажман за унапредување на положбата на сестрите и акушерките во државата, што има непосредно влијание и врз севкупните здравствени услуги за граѓаните. Во таа насока беше нагласена потребата за поголема видливост на предизвиците со коишто секојдневно се соочуваат, како и од посветен и одговорен пристап за нивното надминување.

На средбата се разговараше и за подготовките околу организирањето на 3. Меѓународен конгрес на Унијата што на тема “Автономија на сестринството: сега и во иднина”, ќе се одржи во периодот од 4 до 6 октомври, во Струга, како и за 5. Конгрес на Балканската асоцијација на сестринството, чиешто одржување е предвидено за март следната година, во Скопје.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хил: Конечната одлука за експлоатација на литиум ќе ја донесат граѓаните на Србија

Следно

Казна од 132.000 евра за хрватскиот трговски синџир „Студенац“- Објавувал погрешни цени

Latest from Blog

Боб Вудворд: Трамп е поопасен од Никсон и закана за целиот свет

Стравот е централна тема на новите мемоари на американскиот новинар Боб Вудворд, познат по неговата истрага за аферата Вотергејт, но и по неговите книги за американските претседатели. Во книгата „Тајни: Мемоари на

Обвинителството бара 25 години затвор за поттикнувач на 14 самоубиства во Канада- продавал отров преку интернет

Нему ќе му биде изречена пресуда на 26 февруари, објави денес „Ле Фигаро“. Ло, кој од почетокот на пандемијата на коронавирусот водел неколку анонимни онлајн форуми со совети за самоубиство, продавал натриум
Go toTop