Сиљановска Давкова на средба со директорот на Европската организација за јавно право

September 4, 2024
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими директорот на Европската организација за јавно право, Спиридон Флогаитис.

На средбата, претседателката беше запознаена со целите, функционирањето и активностите на организацијата, која досега има организирано, промовирано и поддржано повеќе од 200 образовни обуки и истражувачки проекти и има обезбедено поддршка за градење на демократските капацитети на институциите во повеќе од 70 земји.

Претседателката Сиљановска Давкова ги поздрави истражувачките активности на Европската организација за јавно право во насока на промоција на владеење на правото, човековите права и европските демократски вредности како и анализите на правните системи со цел изнаоѓањето на креативни решенија за нивно подобрување.

На средбата беа разгледани можностите и начините за воспоставување на соработка на Европската организација за јавно право со македонските институции.

Европската организација за јавно право е меѓународна организација посветена на создавање и афирмација на знаењето во областа на јавното право и управување, основана во Атина во 2007 година, како продолжение на Европскиот центар за јавно право.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муртезани на средби со Суперти и Бретел од ДГ НЕАР

Следно

САД ќе продолжат да ја сметаат Северна Кореја за одговорна за „поддршката“ на Русија во Украина

Latest from Blog

Лондон утре ќе „експлодира“: Десничарите, антифашистите и Палестинците излегуваат на улиците

Собирот на поддржувачите на Томи Робинсон, закажан за утре во Лондон, ќе ги собере британските крајнодесничарски групи и христијанските националисти, додека пропалестинскиот митинг на Денот на Накба ќе се одржи истиот ден,

Пад од 30 отсто на новороденчињата за една деценија

Македонија за десет години изгубила речиси една третина од новороденчињата. Според најновите демографски податоци за 2025 година, во државата се родени околу 15.500 бебиња, додека пред една деценија бројот изнесувал околу 23.000.

Поранешните претседатели — државници во сенка или јавни актери? Црвенковски тивок, Иванов активен, Пендаровски критичен

Поранешните претседатели на Македонија по завршување на мандатите најчесто се повлекуваат од директната политика, но нивната јавна активност значително варира – од целосна тишина, до работа преку фондации и настапи на меѓународни
Go toTop